Мохамед Ламин Сисоко Жилан (роден во Мон Сен Ењан, на 22 јануари 1985) — фудбалер од Мали роден во Франција, кој во моментов игра за шпанскиот тим Леванте во Примера.
Исто така тој е и репрезентативец на Мали уште од 2004 година.
Технички одлики Сисоко е многу цврст и физички силен играч од средниот ред, има претежно дефанзивни задачи, а умее и да се вклучи од втор план во нападот и да биде многу опасен. Поради овие одлики често е споредуван со познатиот француски фудбалер Патрик Виера кој играл на истата позиција. На почетокот од својата кариера играјќи за младинските категории на Осер, Сисоко најпрво играл како напаѓач, но по доаѓањето во Валенсија, тренерот Рафа Бенитез го увидел неговиот потенцијал и го вратил поназад на позицијата на кој подоцна ќе направи одлична кариера, играч од средниот ред со дефанзивни одлики.
Титули Валенсија 2003./2004. Примера Дивизион 2003./2004. Куп на УЕФА 2004. Суперкуп на Европа Ливерпул 2005. Суперкуп на Европа 2005./2006. ФА Куп 2006. ФА Комјунити шилд
Надворешни врски Мохамед Сисоко на BBC Sport Мохамед Сисоко на LFChistory.net
Категорија:Малиски фудбалери Категорија:Фудбалери од Премиер Лига Категорија:Фудбалери во Серија А Категорија:Фудбалери на ФК Осер Категорија:Фудбалери на ФК Валенсија Категорија:Фудбалери на ФК Ливерпул Категорија:Фудбалери на ФК Јувентус Категорија:Фудбалери на ФК Париз Сен Жермен Категорија:Фудбалери на ФК Фјорентина Категорија:Француски фудбалери Категорија:Живи луѓе Категорија:Родени во 1985 година