Трапчин Дол — село во Општина Кичево, во околината на градот Кичево.
Географија и местоположба Селото Осломеј се наоѓа во областа Горно Кичево, на реката Темница, на 8 километри северно од Кичево.
Историја Старото име на селото било Трајчев Дол. До крајот на XVIII век селото било населено со брсјачко македонско население, кое било приморано да се исели поради нападите од Зајас. Албанците се населиле во XIX век.
Население
Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Трапчин Дол живееле 105 жители, сите Албанци.Кънчов, В. Македония. Етнография и статистика, София, 1900, с.256
На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 г. Трабичево се води како чисто албанско село во Кичевската Каза на Битолскиот Санџак со 5 куќи.
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралство Југославија во 1931 година, селото имало 300 Албанци.
Според пописот од 2002 година, во селото живееле 914 жители, од кои: 2 Македонци, 896 Албанци и 16 останати.Попис на населението, домаќинствата и становите во Република Македонија, 2002 - Книга X
Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 357 жители, од кои 1 Македонец, 339 Албанци и 17 лица без податоци.
Самоуправа и политика Избирачко место
Во селото постои избирачкото место бр. 757 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на основното училиште.
На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 741 гласач.
Поврзано Кичевско Поле Општина Кичево Кичево
Наводи
Надворешни врски Сателитска снимка на Трапчин Дол на Карти на Гугл
Категорија:Села во Македонија Категорија:Кичевски села Категорија:Села во Општина Кичево