Бирино — раселено село во Општина Крушево, во околината на градот Крушево.

Потекло и значење на името

Името на селото првпат се сретнува во историските документи како Бирино во век (1568-69 г.). Се претпоставува дека доаѓа од личното име Биро, чиј корен „бир“ означува дете или син. Со оглед на староста на името, може да се претпостави и дека доаѓа и од архаичното бир што означува давачка на свештеник или манастир.

Географија и местоположба

мини|300п|лево|Куќи во селото

Селото се наоѓа во југоисточниот дел на Општина Крушево, во пазувите на Бушева Планина. Селото е планинско, на надморска височина од 970 метри. Од градот Крушево е оддалечено 12 километри. До него се стигнува по земјен пат, кој се двои од регионалниот пат 1306 кај вртењето за Мечкин Камен.

Бирино е особено планинско село, сместено на работ на Пелагонија. Околни места се Крушево, Свето Митрани, Врбоец, Пресил, Острилци и Журче (Железник). Во Бирино се наоѓаат три чешми: Кала, Мазна и Камен. Околу селото се наоѓаат изворите: Манастирска Чешма, Езериште, Голема Ливада, Дичоа Чешма, Крајин Дол и други.

Месностите во атарот ги носат следниве имиња: Голем Дол, Стрчи Нога, Бука, Мазна, Чобаница, Митро Долче, Шипје, Сирмина Нива, Овезиште, Чаир, Средни Дол, Кочоа Нива, Дупка, Долна Чобаница, Царско, Турти, Лунги, Два Даба, Мали Ливади, Задкамен, Котари, Над Црква, Клен, Крвајца, Дере, Горно Бирино и Попојца.

Селото е мало и не се дели на маала.

Историја

мини|300п|десно|Четата на Питу Гули крај Бирино во 1903 година

Бирино се смета за старо село. По народната традиција, тоа најпрвин било мало словенско село. Во втората половина на век се доселила една група Власи од некои места во Јужна Албанија. Оттогаш селото станало мешовито, влашко-македонско село. Власите во Бирино се занимавале со сточарство, одгледувајќи овци и коњи. Имало и занаетчии помеѓу Власите (ковачи и калајџии).

Селото се споменува во турските пописни дефтери од 1467/68 година, како дел од Прилепскиот Вилает (Vilayet-I Prilepe) под името Брина и имало 30 семејства и 2 неженети, сите христијани.Турски документи за историјата на македонскиот народ кн.4, Методија Соколоски, д-р Александар Стојановски, Скопје 1971, стр.66

До средината на век, Бирино се зголемило на 120 куќи („големо како град“). Околу сто куќи биле влашки, а само дваесетина биле македонски. Поради големината тоа се поделило на Долно и Горно Бирино. Долно Бирино е местото на денешното село, кое имало околу 100 куќи и 20 дуќани (претежно ковачници). Селото имало и свој пазарен ден, поради што денес една круша на сретселото се нарекува Пазарска Крушка. Горно Бирино со 20 домаќинства се наоѓало еден километар северно од Долно Бирино, каде денес меѓу нивите се наоѓаат остатоци на куќи и бунари.

Потоа селото било уништено при зулум на намножените Арбанаси од пониските околни села: Пресил, Врбоец и Света. Иселените биринци главно живеат во Крушево, додека некои заминале во Прилеп и во околните села.

По раселувањето на селото, атарот го држеле некој бег од Дебар и Власите населени во Крушево. Синот на бегот, кој ја наследил шумата и имотот од атарот ги продал на крушевските Власи. Тие го користеле имотот во Бирино како испаша, ја сечеле шумата и имале мал број на Македонци, кои им работеле. Така, селото започнало полека да се обновува кон крајот на век. По Првата светска војна врз основа на аграрната реформа, земјата им припаднала на затекнатите селани.

Стопанство

Атарот зафаќа простор од 6,1 км2.

Население На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 г. Бирино се води како чисто македонско село во Прилепската Каза на Битолскиот Санџак со 7 куќи.

Селото е наполно раселено по 1971 година, кога што броело 13 жители, македонско население.

Според пописот од 2002 година, во селото Бирино немало жители. Истото било потврдено и на пописот од 2021 година.

Родови

Бирино било македонско село.

Според истражувањата на Јован Трифуноски во 1952 година родови во селото се: Талевци (1 к.), доселени биле кон крајот од XIX век од некое село во Железник; Андреевци (1 к.), доселени биле од селото Селце, таму им била изгорена куќата. Во Селце припаѓале на родот Стевановци; Мицковци (2 к.), доселени биле пред крајот на турското владеење од селото Горно Дивјаци; Крстевци (1 к.) и Марковци (2 к.), доселени биле во 1928 година од селото Острилци; Јошевци (1 к.), доселени биле во 1942 година од селото Острилци, таму им биле род Марковци; Ѓурчиновци (1 к.), доселени биле во 1943 година од селото Годивје, Дебрца.

Иселеништво

Од биринските влашки иселеници во Крушево потекнуваат родовите: Куртевци, Ничовци, Мицковци, Моцани и други. Од Куртевци во Бирино има околу 15 гроба. Во Прилеп од Бирино е родот Тофовци.

Понови иселувања од селото се Ичкобиловци (3 к.) живеат во Локвени, Биринци (3 к.) и Јовевци (3 к.) живеат во Врбоец, Огњановци (1 к.) живеат во Милошево и Трајкоски (1 к.) живеат во Пресил.

Општествени установи

мини|300п|десно|Поранешното основното училиште

Поранешно основно училиште

Самоуправа и политика

Во век, Бирино било село во Прилепската Каза на Отоманското Царство.

Селото влегува во рамките на Општина Крушево, која била една од ретките општини во Македонија која не била изменета при територијалната поделба во 2004 година. Во периодот од 1996-2004 година, селото припаѓало на тогашната Општина Крушево.

Во периодот од 1955 до 1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата општина Крушево.

Во периодот 1950-1955, селото било дел од тогашната Крушевска градска општина, во која влегувале градот Крушево и селата Бирино и Острилци.

Избирачко место

Селото е опфатено во избирачкото место бр. 1199 според Државната изборна комисија, сместено во просториите на основното училиште на селото Свето Митрани.

На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 301 гласач. На локалните избори во 2021 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 303 гласачи.

Културни и природни знаменитости

мини|300п|десно|Главната селска црква „Св. Илија“

Цркви Црква „Св. Илија“ — главна селска црква. Во минатото постоеле две цркви, кои биле срушени при раселувањето на селото. Првата се наоѓала на патот за Свето Митрани (месноста Влашка Црква), каде се забележуваат надгробни плочи, додека другата црква била во самото село (Долно Бирино) и истата била обновена при враќањето на македонското население.

Манастири Манастирската црква „Св. Атанасиј“ во Журче се наоѓа во близина на атарот со Бирино во месноста Манастир.

Личности

Родени во или по потекло од Бирино Блаже Крстев (1873 – 31 мај 1911), познат и како Блаже Биринчето или Блаже Крстев-Биринчето, македонски револуционер и илинденски востаник, се вклучил во ТМОРО како организатор и водач. Пред Илинденското востание формирал своја чета со четници од своето село. Васил Мицковски (1886 — 1930) — револуционер, крушевски војвода на Македонската револуционерна организација. Бил агитант на комитите за време на Илинденското востание. Се приклучил кон ВМОРО и во Илинденското востание бил четата на Питу Гули. По задушувањето на востанието се легализира и станува член на градската терористичка група. Од 1906 година до Младотурската револуција од 1908 година е крушевски реонски војвода.

Галерија

Наводи

Поврзано Пелагонија Општина Крушево Крушево

Надворешни врски

Категорија:Села во Македонија Категорија:Крушевски села Категорија:Села во Општина Крушево Категорија:Раселени села во Македонија