Женската Национална Кошаркарска Асоцијација (ВНБА) е женска професионална кошаркарска лига во Соединетите Американски Држави. Во моментов се состои од дванаесет екипи. Лигата е основана на 24 април, 1996 година како женска копија на Националната Кошаркарска Асоцијација (НБА). Лигата започна со натпревари во 1997 година и регуларната сезона во моментов се игра од јуни до септември со Финале во октомври.

Многу ВНБА екипи имаат НБА двојници и играат во истата сала. Конектикат Сан, Сиетл Сторм и Тулса Шок се единствените сегашни екипи кои играат без да го делат пазарот со НБА екипа. Покрај овие три екипи, Чикаго Скај е единствената друга екипа која не дели сала со НБА двојник. Четирите горенаведени франшизи, заедно со Атланта Дрим и Лос Анџелес Спаркс се под независна сопственост. Независната сопственост е важна за развојот на ВНБА бидејќи некогаш сите екипи во лигата беа поседувани од НБА.

Историја

“Ние Сме Следни” (1997 година)

По официјалното одобрување од страна на НБА одборот на Гувернери на 24 Април 1996 година, создавањето на ВНБА било објавено на прес конференција со присуство на Ребека Лобо, Лиза Лесли и Шерил Свупс.

Лигата започнала со осум екипи: Шарлот Стинг, Кливленд Рокерс, Хјустон Кометс и Њујорк Либерти во Источната Конференција и Лос Анџелес Спаркс, Финикс Меркјури, Сакраменто Монаркс и Јута Старз во Западната Конференција. Иако не е прва, главна, женска, професионална, кошаркарска лига во Соединетите Американски Држави (признание кое го држи распаднатата ВБЛ), ВНБА е единствената лига која доби целосна поддршка од НБА. ВНБА логото, “Лого Жена” е слично со логото на НБА и беше избрано од 50 различни дизајни.

Династијата на Хјустон Кометс (1997-2000)

Непосредно по популарното освојување на зладниот медал на Женската Национална Кошаркарска Екипа на САД на Летните олимписки игри во 1996 година, ВНБА ја започна својата прва сезона на 21 јуни, 1997 година пред мал број на гледачи. Во првиот ВНБА натпревар играа Њујорк Ливерти и Лос Анџелес Спаркс во Лос Анџелес. Натпреварот беше емитуван на национално ниво во Соединетите Американски Држави на телевизиската мрежа НБС. На почетокот на 1997 сезона, ВНБА имаше потпишано телевизиски договори со НБС (кои имаат права за пренос на НБА) и заедничките канали на Волт Дизни Компанијата и Корпорацијата Харст: ЕСПН и Лајфтајм Телевизиската Мрежа. Пени Толер го постигнала првиот бод во лигата.

ВНБА ја сосредоточи својата маркетиншка кампања наречена “Ние Сме Следни” кон зведите Ребека Лобо, Лиза Лесли и Шерил Свупс. Во првата сезона на лигата, екипата на Лесли, Лос Анџелес потфрли и Свупс го пропушти поголемиот дел од сезоната поради бременост. Вистинската звезда на ВНБА во 1997 година беше МВП на ВНБА, Синтија Купер, соиграчот на Свупс од Хјустон Кометс. Кометс ја пбедија екипата на Лобо, Њујорк Либерти во првото финале на ВНБА.

Првобитната “Ние Сме Следни” реклама траеше одеше пред почетокот на секоја ВНБА сезона пред да ја заменат со кампањата “Ние Играме”.

Две екипи беа додадени во 1998 година (Детроит и Вашингтон) и уште две во 1999 година (Орландо и Минесота), зголемувајќи го бројот на екипи на дванаесет. Сезоната во 1999 започна со договорот за заедничка соработка помеѓу играчите и лигата, означувајќи го првиот потпишан договор за заедничка соработка во историјата на женските професионални спортови.

Во 1999 година, главниот соперник на лигата, Американската Кошаркарска Лига, се распадна. Голем број на звезди на оваа лига, вклучувајќи неколку освојувачи на златен Олимписки медал (како што се Ники Мекреј и Дон Стели) и голем број на истакнати колеч играчи (меѓу кои и Кејт Старбирд и Џенифер Риѕоти) се приклучија на ВНБА екипи и со тоа го подобрија целокупниот квалитет на играта во лигата. Кога локаутот резултираше во скратена НБА сезона, бројот на телевизиски гледачи на ВНБА падна.

До 2000 сезона, ВНБА двојно се зголеми од својата прва сезона. Четири нови екипи се приклучија за 2000 сезона (Индијана Фивер, Сиетл Сторм, Мајами Сол и Портланд Фајр).

На 23 мај, 2000 година, Хјустон Кометс станала првата ВНБА екипа која е поканета во Градината на Розите во Белата Куќа. Ова било важно за развојот на ВНБА бидејќи пред оваа покана, само машки спортски екипи биле гости во Белата Куќа.

На крајот на 2000 сезона Хјустон Кометс ја освоија својата четврта титула, освојувајќи ги сите титули од почетокот на лигата. Водени од “Големата Тројка” од Шерил Свупс, Тина Томпсон и четирикратниот освојувач на МВП наградата во Финалето, Синтија Купер, Кометс доминираа над секоја екипа во лигата. Под водство на главниот тренер Вен Ченселор, екипата забележа скор од 98 победи и 24 порази во своите први четири сезони (16-3 во плејофот). По 2000 година, Купер се пензионира од лигата и дојде крајот на династијата на Кометс.

Лиза Лесли и Лос Анџелес Спаркс (2001-2002)

Пред почетокот на сезоната 2001, Хјустон попуштил без Купер и паднал на четврто место во конференцијата на крајот на сезоната. Главен фаворит станал популарната екипа Лос Анџелес Спаркс. За Спаркс се предвидуваше дека ќе ги освојат претходните титули, но екипата никако не можеше да ги надмине доминантните Кометс. Под водство на Лиза Лесли, најдоминантниот играч под обрачите во тоа време, Спаркс остварија неверојатен скор од 28-4 во регуларната сезона. Настапија во своето прво ВНБА Финале и ги збришаа на нула четвртите носители од Источната Конференција, Шарлот Стинг. Целејќи да го повторат успехот во 2002 година, Спаркс повторно додадоа гас пред плејофот, остварувајќи скор од 25-7 во регуларната сезона под водство на главниот тренер Мајкл Купер, порано тренер на Лос Анџелес Лејкерс. Повторно, Лесли доминираше над противницити низ Плејофот, носејќи ги Спаркс до перфектен скор од 6-0 низ сите три кола, победувајќи го соперникот Њујорк Либерти во 2002 Финалето.

Екипите и лигата беа под заедничка сопственост на НБА сè до крајот на 2002 година, кога НБА ги продаде ВНБА екипи или на НБА двојниците од истиот град или на трета странка. Ова донесе до преселување на две екипи: Јута во Сан Антонио и Орландо во Конектикат. Со преселбата, Сан станаа првата ВНБА екипа во сопственост на трета странка, наместо на НБА франшиза. Оваа продажба на екипи исто така доведе и до распаѓање на две екипи, Мајами Сол и Портланд Фајр, бидејќи не можеа да најдат нови сопственици.

Бил Лембиар остава своја трага врз ВНБА (2003-2006)

По преземањето на неуспешна франшиза во 2002 година, поранешното Лошо Момче на Детроит Пистонс, Бил Лембиар имаше големи очекувања за Детроит Шок во 2003 година. Екипата постигна скоро од само 9-23 во 2002 година, но Лембиар предвиде дека Шок ќе ја освојат титулата во 2003 година. Тргна добро за Шок, кои имаа 3 ол-стар играчи на Ол-стар Натпреварот од 2003 година (Свин Кеш, Шерил Форд и Деана Нолан). Зачудувачки, Лембиар беше предводник на реток пресврт од последно на прво место и Шок со скор од 25-9 ја завршија сезоната на прво место во Источната Конференција. По победите во првите две кола од Плејофот, Шок мораа да се соочат со двократните шампиони Лос Анџелес Спаркс и сегашниот МВП на Финалето, Лиза Лесли, во Финалето во 2003 година. Шок ги победија Спаркс, добивајќи го третиот натпревар со тројка во последната секунда од Деана Нолан.

По 2003 сезона, Кливленд Рокерс, еден од оригиналните осум екипи во лигата, се распаднала бидејќи споствениците не беа заинтересирани да продолжат да ја водат франшизата.

На 21 октомври, 2004 година, Вал Акермен, првиот ВНБА претседател, поднел оставка, која стапила во ефект на 1 февруари, 2005 година, со причина да помине повеќе време со нејзиното семејство. Акермен подоцна станал претседател на САД Кошарка. На 15 февруари, 2005 година, НБА Комесарот Дејвид Стерн објави дека Дона Орендер, која работеше како Постар Заменик Претседатен на ПГА (Професионална Голф Асоцијација) Турнејата и која играше за неколку екипи во моментот распаднатата Женска Про Кошаркарска Лига, ќе ја наследи Акермен од Април 2005 година.

ВНБА ја додели својата прва развојна екипа на Чикаго (подоцна именувана Скај) во февруари 2006 година. Во вонсезоната , одобрени беа сет од правила што ја направија ВНБА повеќе како НБА.

Во 2006 година, лигата стана прва екипна женска професионална лига која постои десет последователни сезони. По повод десетгодишнината, ВНБА ја објави екипата на Декадата сочинета од десетте играчи кои најмоногу придонеле за женската кошарка на и надвор од теренот за време на постоењето на лигата.

По пропуштените Финалиња во 2004 и 2005 година, Шок се опоравија во 2006 година водени од ново-донесената Кејти Смит. Заедно со Смит, Шок сè уште во екипата имаа шест членови од шампионската екипа од 2003 година (Кеш, Форд, Холанд-Корн, Пауел и Рајли). Тренерот Лембиар знаеше колку е само тешко да се дојде до Финалето по вторпат и Шок го прифатија предизвикот. Завршија втори во Источната Конференција, но ги победија првите носители Конектикат во второто коло од Плејофот. Шок се соочија со бранителите на титулата Сакраменто Монархс во серија од 5 натпревари. Победија на петтиот натпревар на домашен терен, повторно зацвртувајќи ја својата доминација во лигата.

Донесување на “Пол Бол” во ВНБА (2007-2009)

Во Декември 2006 година, организацијата Шарлот Бобкетс изјави дека веќе нема да управува со Шарлот Стинг. Набргу, ВНБА објави дека Стинг нема да функционираат за 2007 година. Драфт за проширување се одржа на 8 Јанурари, 2007 година. Екипите избираа во обратен редослед од нивните скорови во 2006 година. Чикаго го имаа првиот иззбор и ја избраа Моник Кури.

Поранешниот шампионски тренер на Лос Анџелес Лејкерс Пол Вестхед беше назначен за главен тренер на Финикс Меркјури на 11 Октомври, 2005 година, донесувајќи го неговиот стил на игра со брзо темпо во ВНБА. Овој напад со брз ритам беше идеален за неговата екипа, особено откако лигата го намали времетраењето на еден напад од 30 секунди на 24 секунди во 2006 година. Слично како шампионските екипи на Хјустон Кометс, Финикс Меркјури се истакнаа под водство на својата “Голема Тројка” од Кепи Пондекстер, Дајана Тауреси и Пени Тејлор.

Меркјури беа подобни за овој брз напад благодарение на овие три играчи. Финикс во просек постигна рекордни 88,97 бода по натпревар во 2007 година, екипите не можеа да се носат со ова брзо темпо на игра , па така Финикс се издигнаа на првото место во Западната Конференција. Во двобој со бранителот на титулата Детроит Шок, Меркјури ја наметнаа својата брза игра со многу бодови со надеж да ја освојат првата титула во историјата на франшизата. Со просек од 93,2 бода по натпревар во Финалето, Меркјури ги победија Детроит пред нивните 22 076 навивачи во петтиот натпревар за да ја освојат својата прва ВНБА титула. Во Октомври 2007 година, ВНБА додела нова франшиза на Атланта. Стопанственикот од Атланта, Рон Тервилигер беше првиот сопственик на новата екипа. Граѓаните на Атланта беа во можност да го изберат новиот прекар на екипата и боите. Го избраа името Дрим и го одиграа првиот натпревар од регуларната сезона на 17 Мај, во кој беа поразени со 67-100 од Конектикат Сан.

Пол Вестхед даде оставка од позицијата тренер на Меркјури по освојувањето на титулата во 2007 година и Пени Тејлор се одлучи да остане дома за да се подготви за Летните олимписки игри во 2008 година, предизвикувајќи пад во играта на Меркјури во 2008 година. Екипата постигна скор од 16-18 и стана првата екипа во историјата на ВНБА да го пропучти плејофот по освојување на титула во претходната сезона. На нивно место, Детроит Шок ја освои третата титула под водство на Бил Лембиар, зацврснувајќи си го местото во историјата на ВНБА, за потоа Лембиар да поднесе оставка во почетокот на 2009 година, со што дојде крај на династијата на Шок.

Подооцна во 2008 година, лигата ја презеде една од првичните франшизи, Хјустон Кометс. Кометс престанаа со работа на 1 Декември, 2008 година, бидејќи не можеа да најдат сопственик. Се одржа драфт за проширување на 8 Декември, 2008 година, и Атланта Дрим како прв пик ја избраа Санчо Литл.