Сушево — село во Општина Куманово, во околината на градот Куманово.
Географија и местоположба
Историја
Стопанство
Економијата во ова село скоро и да не постои, бидејќи морталитетот е поголем од наталитетот т.е. во ова село скоро и да нема млади. Во селото има останати уште само неколку семејства.
Население
Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Сушево живееле 240 жители, од кои 190 Албанци, 30 Роми и 20 Македонци.Кѫнчовъ, Василъ. Македония. Етнография и статистика. София, Българското книжовно дружество, 1900. ISBN 954430424X. с. 217. Според секретарот на Бугарската егзархија Димитар Мишев, („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Сушево имало 56 жители, патријаршисти србомани .Brancoff, D.M. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, pp. 128-129.
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралство Југославија во 1931 година, селото имало 250 Македонци.
На пописот од 2002 година, селото имало 34 жители, од кои 30 Срби, 3 Македонци и 1 Албанец.
Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 7 жители, од кои 2 Македонци и 5 Срби.
Родови
Сушево е православно мешано село, порано било муслиманско..
Според истражувањата од 1972 година, родови во селото се:
Доселеници: Ѓерманци (9 к.) доселени се од селото Герман кај Крива Паланка; Жегљанци (6 к.) доселени се од селото Жегљане; Пузаљчани (6 к.) доселени се од селото Пузајка. А подалечно потекло од селото Драгоманце; Малотинчанци (3 к.) доселени се од селото Малотино; Нигуланци (2 к.) доселени се од селото Никуљане, каде припаѓале на родот Веселинци. Уште подалечно потекло имале од селото Жегра кај Гнилане во Косово. Сите родови се доселени од 1913 до 1925 година.
Општествени установи
Самоуправа и политика
Културни и природни знаменитости
Редовни настани
Личности
Култура и спорт
Иселеништво Во средината на XIX век за жителите на ова село настанал тежок период по што морале да се иселат. На нивно место се населиле муслимани. Православните се иселиле во Никуљане (Грујинци 26 к.), Ослар кај Бујановац (Гарванци 10 к.), и во Горно Коњаре (Сушевци 2 к.)
По Втората светска војна населението се иселувало претежно во Куманово.
Наводи
Надворешни врски
Категорија:Села во Македонија Категорија:Кумановски села Категорија:Села во Општина Куманово