Черкези — село во Општина Куманово, во околината на градот Куманово.

Географија и местоположба Селото се наоѓа во областа Жеглигово, оддалечено 4 километри западно од Куманово.

Историја Местото е населено уште од средниот век, за што сведочи наоѓалиштето Гробишта на североисточниот крај на селото.

Во времето на Отоманското Царство селото е познато под името Черкез Ќој.

Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Черкези живееле 120 жители, сите Черкези.Кънчов, Васил. „Македония. Етнография и статистика“. София, 1900, стр. 215.

За време на Балканските војни, Черкезите се иселуваат, а во 1916 година во селото живееле 4 Албанци и 1 Бошњак.Гаджанов, Димитър. Мюсюлманското население в новоосвободените земи, во: Научна експедиция в Македония и Поморавието 1916, София 1993, стр. 252.

Стопанство Население

Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Черкези живееле 120 жители, сите Черкези.Кънчов, Васил. Македония. Етнография и статистика, София, 1900, стр. 215.

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралство Југославија во 1931 година, селото имало 50 Албанци.

Според пописот од 2002 година, во селото живееле 3.741 жител, од кои: 2 Македонци, 3.719 Албанци, 4 Бошњаци и 16 останати.Попис на населението, домаќинствата и становите во Република Македонија, 2002 - Книга X

Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 3.137 жители, од кои 3 Македонци, 3.027 Албанци, 5 Турци, 1 Влав, 1 Бошњак, 1 останат и 99 лица без податоци.

На табелата е прикажан националниот состав на населението низ сите пописни години:Население на Република Македонија според изјаснувањето за етничката припадност, по населени места, според пописите на население 1948, 1953, 1961, 1971, 1981, 1991, 1994 и 2002 година (согласно територијалната организација од 1996 година). База на податоци МАКСтат . Државен завод за статистика.

ГодинаМакедонциАлбанциТурциРомиВласиСрбиБошњациВкупно1948—————————155195331152——34...——19019612175171......61...17—345197139959168—...26...13—1.205198192.66511——2...24—2.71119911103———51...2—16619941043.2471——50...15—3.417200223.719———0416—3.741202133.0275—1—11993.137

Родови

Черкези е албанско село, а порано било черкеско.

Според истражувањата од 1965 година, родови во селото се:

Исаки (7 к.) и Раман (7 к.) доселени се од селото Брест. Исљами (6 к.) доселени се од селото Алашевце. Двата рода се доселени После Првата светска војна. Маѓерци (10 к.) доселени се од селото Маѓерци кај Прешево. Гарани (6 к.) доселени се од селото Гари кај Прешево. Букурчани (6 к.) доселени се од селото Букурце кај Прешево. Самоличани (4 к.) доселени се од селото Самолице кај Прешево. Бугаринци (5 к.) доселени се од селото Славујевци (порано Бугариње) кај Прешево. Овие родови се доселени од 1955 до 1960 година. Изворчани (4 к.) доселени се од селото Извор. Гошинчанци (4 к.) доселени се од селото Гошинце. Брестјани (3 к.) доселени се од селото Брест. Белановчани (3 к.) доселени се од селото Белановце. Руѓинчанци (2 к.) доселени се од селото Руѓинце. Глажњани (2 к.) доселени се од селото Глажња.

Општествени установи ОУ „Јероним Дерада“ — основно училиште Џамија

Самоуправа и политика

Културни и природни знаменитости Археолошки наоѓалишта Гробишта — населба од средниот век

Редовни настани

Личности

Култура и спорт

Иселеништво

Наводи

Надворешни врски

Категорија:Села во Македонија Категорија:Кумановски села Категорија:Села во Општина Куманово