Ваксинце — село во Општина Липково, во околината на градот Куманово.
Географија и местоположба Селото се наоѓа во западните падини на Скопска Црна Гора, во областа Жеглигово, оддалечено 13 километри северно од Куманово.
Историја Во XIX век селото било дел од Кумановската Каза во Отоманското Царство.
Стопанство
Население
Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Ваксинце живееле 500 жители, од кои 450 Албанци и 50 Роми.Кѫнчовъ, Василъ. Македония. Етнография и статистика. София, Българското книжовно дружество, 1900. ISBN 954430424X. с. 217.
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралство Југославија во 1931 година, селото имало 1.000 Албанци и 50 Македонци.
Според пописот на населението на Македонија од 2002 година, селото има 2.479 жители, од кои 2.474 Албанци и 5 останати.Попис на населението, домаќинствата и становите во Република Македонија, 2002 - Книга X
Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 1.808 жители, од кои 1.728 Албанци, 1 Бошњак, 1 останат и 78 лица без податоци.
Општествени установи
Самоуправа и политика
Културни и природни знаменитости Археолошки наоѓалишта Горубинце Црква — населба од римско време; Кале — утврдување од непознат период;
Редовни настани
Личности Хамид Тачи (р. 1924) - македонски борец и политичар. Беќир Саќипи - македонски политичар
Култура и спорт
Иселеништво
Наводи
Надворешни врски
Категорија:Села во Македонија Категорија:Кумановски села Категорија:Села во Општина Липково