Слупчане — село во Општина Липково, во околината на градот Куманово.
Географија и местоположба
Историја Подрачјето на Слупчане е населено уште од римско време, за што сведочи наоѓалиштето Плачковица на 3 км источно од селото.
Во XIX век селото било дел од Кумановската Каза во Отоманското Царство.
Стопанство
Население
Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Слупчане живееле 420 жители, од кои 330 Албанци и 90 Роми.Кѫнчовъ, Василъ. Македония. Етнография и статистика. София, Българското книжовно дружество, 1900. ISBN 954430424X. с. 217. Според секретарот на Бугарската егзархија Димитар Мишев, („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Слупчане имало 160 жители, христијани— патријаршисти.D.M.Brancoff. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, р.128-129.
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралство Југославија во 1931 година, селото имало 1.000 Албанци и 150 Роми.
Слупчане е голема населба и според пописот на населението на Македонија од 2002 година, селото има 3.789 жители, од кои 3.789 Албанци, 1 Влав и 19 останати.Попис на населението, домаќинствата и становите во Република Македонија, 2002 - Книга X
Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 3.654 жители, од кои 3.574 Албанци, 1 останат и 79 лица без податоци.
Општествени установи
Самоуправа и политика
Културни и природни знаменитости Археолошки наоѓалишта Кале — градиште од доцноантичко време Плачковица — населба од римско време
Редовни настани
Личности
Култура и спорт
Иселеништво
Наводи
Надворешни врски
Категорија:Села во Македонија Категорија:Кумановски села Категорија:Села во Општина Липково