Свен Тафт (; р. ) — канадски професионален друмски велосипедист и првак во Американската турнеја на UCI 2006-2007. Тафт моментално настапува за професионалната континентална екипа .
Тафт е двократен национален друмски првак и единаесеткратен национален хронометарски првак.
Личен живот
Бил роден во Ленгли, Британска Колумбија, Канада. Неговиот дедо, Арне Тафт, бил олимписки крос-кантри скијач од Норвешка.
Тафт се откажал од училиштето на 15 години за да патува и кампува со неговото куче Беар. Следните години ги поминал во искачување на планини и долго возење на велосипед, вклучувајќи го и патувањето од над 6.500 километри до Алјаска како тинејџер.
Додека возел со Симетрикс Сајклинг тим, Тафт живеел во приколка зад куќата на сопственикот на екипата Кевин Канингем близу Ленгли. Во соседната приколка бил колегата на Тафт Кристијан Мајер. Екипата нив двајцата ги нарекувала момци од приколките.
Кариера
Тафт започнал со тркање во 1999 година, на покраинското првенство во Британска Колумбија. Добрите резултати му донеле место во екипата Броудмарк Капитал, пред тоа поминувајќи кратко време во екипите Меркури и Прајм Алијанс. Кариерата на Тафт процветала, кога возел за канадската екипа Симетрикс Сајклинг тим – позната екипа на северноамериканскиот континент од 2005–2008. Тафт е седумкратен канадски национален хронометарски првак, обезбедувајќи ја титулата три години по ред од 2004 до 2006 година и потоа четири години по ред од 2008 до 2012 година. Најпрвин ја освоил титулата во 2004 година од неговиот поранешен колега и трикратен канадски олимпиец Ерик Волберг. Волберг ја држел титулата осум последователни години пред Тафт. Во 2007 година, Тафт ја загубил титулата канадски хронометарски првак од Рајдер Хесједал.
Тој бил избран да настапи за Канада на Олимпијадата 2008 во Пекинг (Кина) на друмската трка и хронометарот. Свен Тафт имал најдобро време на самиот хронометар долго време, пред на крајот да заврши како седми.
Негов најдобар резултат досега е второто место на Светското хронометарско првенство 2008 во Варезе (Италија), кога се здобил со дупната гума во последните 5 километри.
Во стрипот напишан и осмислен од екипата во која настапувал, Тафт е прикажан како многу мускулест, при што тој прокоментирал дека „всушност ние сите сме едни големи лигуши“.
Во 2011 година Свен Тафт требало да биде дел од Тим Пегасус Сајклинг. За жал, поради проблеми со спонзорот, екипата морала да се повлече во последен момент. Тафт бил земен како член на канадската професионална континентална екипа, СпајдерТек-С10, менаџирана од Стив Бауер. Тафт ги освоил обете титули на канадските национални првенства, друмската трка и хронометарот во Барлингтон, Онтарот со СпајдерТек во 2011. Во август 2011, Тафт објавил дека ќе го напушти СпајдерТек за австралиската екипа во 2012.
Тој се впуштил во самотно возење од 200 километри пред главната група на етапата 2 на Тирено-Адријатико 2012. Во текот на трката согорил неверојатни 6.500 калории. Марк Кевендиш објавил на Твитер „Возење на денот... Не, ова го прави возење на милениумот, постигнато од возачот на ГринЕЏ Свен Тафт. 200 км САМ да ја контролиш групата! Почит“.
Во август 2012 година, Тафт преовладал на етапата 6 на Енеко Тур, поединечен хронометар од 17,4 километри. Победата го довела до водечката маичка во генералниот пласман. Го загубил водството следниот ден на седмата и последна етапа на трката, кога морал да се соочи со стрмните искачувања на белгиските „планини“. Тафт завршил како трет во генералниот пласман, но откако заработил казна од 20 секунди за земање шише со вода од неговиот тимски автомобил на помалку од 20 километри пред целта, што е спротивно на правилата на велосипедските трки. Оваа казна го преместила на седмото место, една минута зад победникот Ларс Бом од .
Во 2013 година, Тафт ја освоил првата победа во сезоната за преку поединечниот хронометар на Тур де Сан Луис. Во јули завршил последен на 100. издание на Тур де Франс во 2013.
Во 2014 година, Тафт ја носел розовата маичка како предводник на Џиро д’Италија откако го освоиле воведниот екипен хронометар и прв ја поминал целта. Потоа изјавил: „За дечко како мене, да ја носи розовата маичка е искуство еднаш во животот, и сум навистина благодарен на мојата екипа за овој подарок. Навистина е специјална работа“.
Во 2015 година, Тафт паднал на Тур де Франс носејќи бидони полни со вода за колегите. Не ја започнал третата етапа на трката. Подоцна било објавено дека по медицинскиот преглед се утврдило дека има помала фрактура на рачниот зглоб и повреда на градите и затоа бил повлечен од составот на екипата за Џиро д’Италија.
Достигнувања
2004 1. 20п Национален хронометарски првак 2005 1. 20п Национален хронометарски првак 2006 1. 20п Национален хронометарски првак 2007 '''Првак Американска турнеја на UCI 2006-2007 1. Краен пласман Вуелта а Куба 1. Етапа 1 Класик Редландс 1. УС Опен Велосипедско првенство 2. Краен пласман Тур де Бос 2008 1. 20п Национален хронометарски првак Пан Ам првак - хронометар Пан Ам првак - поединечна потера Пан Ам првак - медисон (со Зак Бел) Пан Ам првак - бодовна трка 1. Краен пласман Тур де Бос 1. Етапа 4a 3. Краен пласман Трка околу Мисури 2. Светско хронометарско првенство 7. Олимписки хронометар 2009 1. 20п Национален хронометарски првак 2010 1. 20п Национален хронометарски првак 1. Пролог Енеко Тур 2. Краен пласман Трка околу Данска 1. Етапа 5 (ITT) 2011 1. 20п Национален хронометарски првак 1. 20п Национален друмски првак 3. Краен пласман Тур де Бос 1. Етапа 4 (ITT) 1. Етапа 6 2012 1. 20п Национален хронометарски првак 1. Дуо Норманд (со Лук Дарбриџ) 1. Етапа 4 (ITT) Тур де Бос 1. Етапа 1 (ТТТ) Тирено-Адријатико 3. Екипен хронометар на Светските друмски првенства 7. Краен пласман Енеко Тур 1. Етапа 2 (ТТТ) 1. Етапа 6 (ITT) 2013 1. Дуо Норманд (со Лук Дарбриџ) 1. Етапа 4 (ТТТ) Тур де Франс 1. Етапа 4 (ITT) Тур де Сан Луис 1. Етапа 1 (ITT) Трка околу Словенија 2. Светско првенство во екипен хронометар 2014 1. Етапа 1 (ТТТ) Џиро д’Италија 1. 20п Национално хронометарско првенство 1. 20п Национално друмско првенство 2. Краен пласман Тур ду Поату-Шарент 2015 4. Светско првенство во екипен хронометар 2016 1. Дуо Норманд (со Лук Дарбриџ) 3. 15п Светско првенство во екипен хронометар 3. Национално хронометарско првенство 2017 1. 20п Национално хронометарско првенство 2018 1. 20п Национално хронометарско првенство 10. Краен пласман Тур де Бос
Распоред на резултатите на големите трки
Голема трка 2009 2010 2011 2012 2013 2014 2015 2016 2017 2018 20п Џиро —125 —148153155 —146142147 20п Тур — — — —169131159 — — — 20п ВуелтаСО — — — — — —158СО —
СО = се откажал; — = не учествувал
Наводи
Надворешни врски
2009 Профил на Свен Тафт Symmetrics Cycling BikingBros Блог (со колегата Кристијан Мајер) Достигнувања на Cycling Base
Категорија:Родени во 1977 година Категорија:Живи луѓе Категорија:Канадски велосипедисти Категорија:Луѓе од Британска Колумбија Категорија:Велосипедисти на Летните олимписки игри 2008 Категорија:Олимписки велосипедисти на Канада Категорија:Канаѓани со норвешко потекло