Никифорово (познато и како Ниќифорово) — село во Општина Маврово и Ростуше, сместено на брегот на Мавровското Езеро.
Географија и местоположба
мини|300п|лево|Поглед на влезот во селото
Селото се наоѓа во Мавровската Котлина, на залив на источниот брег на Мавровското Езеро. Низ Никифорово него тече Петилепска Река која завршува влевајќи се во езерото. Административно претставува дел од Општина Маврово и Ростуше, западна Македонија, сместено во источниот дел на општината. Воедно, селото претставува и дел од Националниот парк Маврово. Се наоѓа во пониските делови на планината Бистра.
Селото е поврзано со асфалтниот месен пат P-413 со соседните села Леуново и Маврово, пат кој го обиколува Мавровското Езеро. Од градот Гостивар е оддалечено 32 километри.
Месностите во атарот ги носат следниве имиња: Шаркови Ниви, Петилеб, Гладеш, Јабел, Мавровска Кула, Ливадица, Црн Камен, Типец, Кожа, Ниќорица, Летна Млака, Ограѓе, Горно Поле, Велики Бор, Л’к, Песоклица, Буџаци, Шовари и Комарштица.
Селото има околу 100 куќи, а поголемиот дел од нив се викендици.
Историја
Населбата Никифорово се верува дека има далечно минато. Доказ за тоа е местото „Црквичето“ во месноста Бор. Археолошките истражувања потврдиле постоење на манастирски комплекс, чие постоење потекнува од -. Црквата на овој манастирски комплекс била во целосна употреба и се изведувале богослужби сè до нејзиното палење од страна на германските војници во 1943 година. Покрај палењето на црквата, во пожарот изгорело и целото село. Денес наоѓалиштето е прогласено за културно наследство на Македонија.
Во XIX век Никифорово било чисто македонско село во Гостиварската нахија на Тетовската Каза. Андреј Стојанов, кој учителствувал во Тетово од 1886 до 1894 г. напишал за Никифорово:
Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 г. Никифорово се состоело од 450 Македонци христијани.Кънчов, Васил. „Македония. Етнография и статистика“. София, 1900. ср.213. Целото население било двојазично, при што покрај домашниот македонски го владеело и албанскиот јазик.Кънчов, Васил. „Македония. Етнография и статистика“. София, 1900. стр. 92.
Сето население на Никифорово било под врховенството на српската црква, која потајно работела под формално покровителство на Цариградската патријаршија. Во селото се правеле значајни напори за ширење на српската пропаганда, при што со сета патријаршиска област началствувал скопскиот митрополит Фирмилијан од Шабац, кој во 1902 г. забележал дека Никифорово имало 60 „српски“ куќи.Извештај од скопскиот митрополит за бројот на куќите под негово владение Според патријаршискиот митрополит Поликарп Дебарски и Велешки во 1904 г. во Никфорово исто така имало 60 куќи, кои и тој ги нарекува „српски“.Отчет на митрополитот Поликарп, 25 февруари 1904 г. Според секретарот на Бугарската егзархија Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 г. во Никифорово имало 464 Македонци „србомани“ и работело српско училиште.Brancoff, D.M. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, pp. 124-125.
Во 1906 г. е заведено дека во селото имало 77 куќи кои, под притисок на српската пропаганда ја признавале Цариградската патријаршија за своја црква.Георгиев, Величко, Стайко Трифонов, История на българите 1878 – 1944 в документи, том 1 1878 – 1912, част втора, стр. 300. мини|десно|250п|Никифорово во 1920-тите Афанасиј Селишчев во 1929 г. Никифорово го завел како село во Леуновската општина на Горнополошкиот срез со 62 куќи од вкупно 343 жители Македонци.Селищев, Афанасий. „Полог и его болгарское население. Исторические, этнографические и диалектологические очерки северо-западной Македонии“. – София, 1929, стр. 26.
Во поновата историја, од Никифорово потекнуваат бројни борци во НОБ за Македонија, меѓу кои најистакнат е Видое Смилевски - Бато, народен херој и политичар. Учествува на Првото заседание на АСНОМ, бил потпретседател на Владата на НР Македонија како и претседател на Президиумот на Народното собрание на НРМ. Вкупно 16 жители на оваа населба се заведени како жртви во Втората светска војна. Врз селото Никифорово и неговите селани е извршено злосторство (палење на селото Никифорово) од страна на албанските балисти и италијанските фашисти на 21 август 1943 година, при што биле запалени 62 домаќинства, покуќнина, добитокот и биле убиени неколку жители на селото.
Чеде Филиповски - Даме е учесник во НОБ, офицер и народен херој на Македонија.
За двајцата има изградено спомен-куќи во селото.
Население
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 250 Македонци.
Населението во селото започнало да се намалува по првите реформи и индустријализацијата на земјата во времето на Југославија, кога жителите започнале да се иселуваат по градовите, со што бројноста на селото започнала драстично да се намалува. Неповолно кон бројот на жители се одразило и потопувањето на Мавровската Котлина, како и плодното земјиште на селото.
Според пописот од 2002 година, во Ниќифорово живеат 10 жители, сите Македонци. Според последните проценки за население (2007 г.) се појавила бројката од само двајца постојани жители.
Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 59 жители, од кои 48 Македонци, 1 Србин и 10 лица без податоци.
Родови
Никифорово е македонско село.
Според истражувањата од 1920-тите, родови во селото се:
Староседелци: Николовци (3 к.), Трпевци (3 к.), Децковци (3 к.), Марковци (10 к.), Џегуловци (4 к.), Мицовци (3 к.), Тримчевци (5 к.) и Шеретовци (2 к.) Доселеници: Мацановци (9 к.), Матошовци (10 к.) и Тримовци (4 к.) доселени се од областа Матија во Албанија; Бежовци (5 к.) доселени се од селото Бежово (денес не постои) во Горна Река; Трифуновци(4 к.) доселени се од мијачкото село Јанче; Петревци (2 к.) доселени се од селото Беличица во Горна Река, каде припаѓале на родот Затаковци.
Општествени установи
Спомен-куќа посветена на народниот херој Видое Смилевски - Бато; Спомен-куќа посветена на народниот херој Чеде Филиповски - Даме.
Самоуправа и политика
Селото се наоѓа во рамките на новосоздадената Општина Маврово и Ростуше, која настанала со територијалната поделба на Македонија во 2004 година. Претходно селото припаѓало на поранешната Општина Маврови Анови, која со измените во Законот за територијална поделба на Македонија била припоена со Општина Ростуша, со што двете општини ја создале новата Општина Маврово и Ростуше, во која денес се наоѓа селото.
Во периодот од 1965 до 1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата општина Гостивар, додека во периодот по војната од 1957 до 1965 година се наоѓала во некогашната општина Маврово. Во рамките на истата општина се наоѓало и во периодот 1955-1957.
Во периодот 1952-1955, селото било седиште на истоимената општина, во која покрај Ниќифорово се наоѓале и Маврово и Леуново. Самата Општина Ниќифорово била дел од Гостиварската околија. Општината Ниќифорово постоела и во периодот 1950-1952 година.
Културни и природни знаменитости
мини|300п|десно|Поглед на главната селска црква „Св. Пантелејмон“
Цркви Црква „Св. Пантелејмон“ — главната селска црква; Црква „Св. Пантелејмон“ — манастирска црква.
Археолошки локалитетиза локалитетот Борче — ранохристијанска базилика;
Езера Мавровско Езеро — вештачко езеро.
Реки Петилепска Река (Никифорска Река) — поминува низ Збориште (сретсело); Гинова Река — во средината на селото се спојува со Петтилепска Река и заедно се влеваат во езерото.
Врвови Сандакташ — врв (1981 м) до кој води патека од Збориште.
Редовни настани
Свети Пантелејмон — селска слава која се прославува со традиционален марш до изворот Петти леб на 8 август, вечерна литургија во очи на празникот и главна прослава на 9 август со утринска литургија. Водици (Богојавление) — тридневен обичај кој кулминира со фрлање на осветениот крст во реката Петилепска или „Петтилебска“ на 19 јануари. Претходниот ден кумовите поминуваат со крстот низ сите куќи и ги осветуваат.
Личности Личности родени во Никифорово: Видое Смилевски - Бато — народен херој, политичар, учесник на Првото заседание на АСНОМ, потпретседател на Владата на НР Македонија, претседател на Президиумот на Народното собрание на НРМ; Чеде Филиповски - Даме — народен херој, носител на партизанска споменица од 1941 година Денко Дејановски — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ Јева Соломанова Дејановска — учесник во НОВ на Македонија Илка Василеска — македонска шивачка, комунистички деец и организатор на НОБ. Рукија Аврамовска — учесник во НОВ на Македонија Цвета Аврамовска Милева — учесник во НОВ на Македонија Душанка Манасиева — учесник во НОВ на Македонија Станка Русева — учесник во НОВ на Македонија Јелица Степанова — учесник во НОВ на Македонија Вукица Андонова — учесник во НОВ на Македонија Зојка Крстева — учесник во НОВ на Македонија Доца Арсеска — учесник во НОВ на Македонија Давитка Арсова Ташкова — учесник во НОВ на Македонија Ана Арсова — учесник во НОВ на Македонија Убавка Атанасиевска — учесник во НОВ на Македонија Стојна Глигорова Блажевска — учесник во НОВ на Македонија Макрина Блажевска — учесник во НОВ на Македонија Митра Арсева Богановска — учесник во НОВ на Македонија Тоде Богдановски — македонски партизан, борец за слобода на Македонија, учесник во НОВ на Македонија Стојан Груевски — македонски партизан, борец за слобода на Македонија, учесник во НОВ на Македонија Младен Груевски — македонски партизан, борец за слобода на Македонија, учесник во НОВ на Македонија Санда Дукева Груевска — учесник во НОВ на Македонија Ката Груевска — учесник во НОВ на Македонија Горица Груевска — учесник во НОВ на Македонија Перса Богдановска — учесник во НОВ на Македонија Ленка Богдановска — учесник во НОВ на Македонија Цвета Богдановска — учесник во НОВ на Македонија Рафка Филиповска Даскалова — учесник во НОВ на Македонија Даница Цалева Деспотовска — учесник во НОВ на Македонија Ракида Метаниева Деспотовска — учесник во НОВ на Македонија Вукица Андоновска Димитриевска — учесник во НОВ на Македонија Ружа Ѓорѓевска — учесник во НОВ на Македонија Сава Ѓорѓевска — учесник во НОВ на Македонија Нада Симјанова Јаковлевска — учесник во НОВ на Македонија Савка Паунова Јовановска — учесник во НОВ на Македонија Добрица Ризева Јосифовска — учесник во НОВ на Македонија Сусана Несторова Костовска (1906-) — учесник во НОВ на Македонија Ружа Тофева Костовска (1928- ) — учесник во НОВ на Македонија Александар Филиповски (р. 1936) - сликар; Ефто Спироски (1951-2019) - виден македонски адвокат; Личности починати во Никифорово:
Илка Василеска — учесник во НОВ на Македонија
Култура и спорт
Во однос на културните установи, во селото се наоѓаат спомен-куќи посветени на народните херои Видое Смилевски - Бато и Чеде Филиповски - Даме.
Во однос на спортските објекти, селото располага со новоотворено повеќенаменско игралиште, кое било пуштено во употреба на 17 ноември 2014 година, изградено со поддршка од Владата на Македонија. Игралиштето е со површина од 1300 м2 и со димензии 45 х 28 метри. Самото игралиште е осветлувано и во текот на вечерните часови.
Во селото постои регистрирано Здружение на граѓани "НИЌИФОРОВО" кое делува активно во сферата на подобрување на секојдневниот живот.
Галерија
Поврзано
Палењето на Никифорово
Наводи
Надворешни врски
Страница за Никифорово Никифорово на Google Maps
Категорија:Села во Македонија Категорија:Мавровско-ростушки села Категорија:Села во Општина Маврово и Ростуше