Предлозите се неменливи, службени зборови кои покажуваат однос меѓу именските зборови во реченицата или однос меѓу глаголското дејство и додатоците.Предлозите најчесто имаат пространствено значење. пр. „Книгата е на масата.“ „Стојам до ѕидот.“

Македонски предлози

Предлози во македонскиот јазик се: Без немање на нешто- „Што си дошол без тетратка?“ во; в наоѓање внатре во некоја средина или упатеност кон некоја средина; временско значење (в недела во пет); употреба пред деновите во неделата: пр. „во средата“ (минатата среда) „в среда (следната среда); во среда (секоја среда); в се употребува пред нечленувани именки што не почнуваат со в или ф (в село, в рака),

во пред членувани именки (во селото, во раката), пред именки што започнуваат со в и ф (во воздух, во фурна), и пред оние што сакаме логички да ги истакнеме;

врз одозгора на нешто (Тетратката е клупата.);

до наоѓање блиску до нешто или допира до нешто;

за фаќање или држење за нешто;

зад се наоѓа од онаа страна на друг предмет; заради причинско и целно значење;

кај наоѓање при некого или упатеност;

како споредување;

кон упатеност кон нешто;

крај еден предмет се наоѓа во непосредна близина на друг;

меѓу наоѓање во средина на нешто или заемен однос;

место заменување, наместо;

на (најчесто употребуван предлог):

граматички знак за дативен предмет (Му реков на човекот.); припадност (Тетратката на Марија.); пространствено значење, згора врз нешто; со глаголски именки (На одење ми рече...); временско: на пролет; споредба: личи на него;

над наоѓање повисоко од нешто;

низ надолу, провирање, движење;

од: излегување (Излезе од дома.); оддалечување (Тој отпатува од Скопје.); симнување (Слезе од коњот.); посвојно (Моливот од Горан.); потекло (Јас сум од Скопје.);

одавде, оданде, отаде од оваа или другата страна на нешто;

околу опкружување (Столчињата се наредени околу масата.); освен изземање, исклучување (Сите дојдоа освен...); по управеност во една насока (Оди по бразда.); движење или растуреност (по небо); посочување на предмети на дејство (го удри по рака.); непространствено (по гаќи, по леб);

под наоѓање подолу од нешто;

поради причина; потем временски (Прво бевме кај мене потем отидовме кај него.); пред од оваа страна на предметот; временско - порано; -преку преминување од една на друга страна; полно простирање, целосно опфаќање; при до некој или кај некој предмет; против негативна насоченост; со средство со кое се врши некое дејство (со нож, со рака); сообраќајно средство (со воз, со велосипед); заедница, придружување (со пријатели); поседување на нешто (Човек со пари, со куќа...); со апстрактни именки (Тој работи со волја, со ум, со мака...); сосе заедно со; според сообразување со некого или нешто (Според мене, тоа не е точно.); спрема сообразување и противставување; спроти - наспроти од таа страна и спротивставување; сред наоѓање во средината или меѓу нешто; временско (Тој влезе сред час.).

Често се греши при употребата на предлогот „по“, односно наместо „по“ погрешно се употребува прилогот за време „после“. За да се избегне грешката наједноставно е на местото од „по“ да се обидеме да го употребиме „потоа“, кој е синоним на „после“. Ако соодветствува, тогаш може да го употребиме „после“, ако не, тогаш стои „по“.

Неправилно: „После Втората светска војна...“ (Ако можеме да го замениме со „потоа“ зборот „после“ е правилно употребен. Но, во овој случај не можеме што значи дека тука стои предлогот „по“.) Правилно: „По Втората светска војна...“

Поврзано Граматика Прилог Службени зборови

ar:حرف إضافة ba:Бәйләүес fa:حرف اضافه fr:Adposition io:Prepoziciono e postpoziciono ml:ഗതി ms:Kata sendi nama os:Разæвæрд sq:Parafjalë ta:விபக்தி vi:Giới từ