мини|Споменик на Рихард Вагнер од Рихард Гур

Везениц () — река во сојузната покраина Саксонија, Германија, десна притока на Елба. Нејзината вкупна должина е 83 километри. Везениц ече низ туристичките области на Лужичките Гори и Саксонска Швајцарија. Нејзината име е изведено од лужичкиот јазик wjaz (брест).Jan Meschgang: Die Ortsnamen der Oberlausitz; Domowina Verlag, Bautzen 1973; S. 97

Географија

Везениц извира близу Нојкирх (Лужица) и тече југозападно низ Бишофсверда, Гросдребниц, Штолпен и Дирерсдорф-Дитерсбах. Везениц се влева во Елба во близина на Пирна.

Туристички атракции

Замокот Штолпен е официјално документиран за првпат во 1222 година, кога бил во сопственост на Дрезденско-мајсенската епископија. Во 1559 преминал во сопственост на изборниот кнез на Саксонија. Славата на замокот потекнува од периодот 1716-1765, кога Августус Втори Силниот во замокот ја чувал својата љубовница Ана Констанција фон Брокдорф.

Liebethaler Grund, „Портата на Саксонска Швајцарија“ е сликовита долина. Во близина на поранешната хидроелектрична централа може да се посети најголемиот споменик на Рихард Вагнер.

Наводи

Везениц Категорија:Реки во Саксонија