„Планината на гневот“ ― македонски игран филм од 1968 година, снимен по сценарио на Анте Поповски, а во режија на Љубиша Георгиевски. Главните улоги ги играле: Ристо Шишков, Бранислав Јериниќ, Дарко Дамески, Драгомир Фелба, Нада Гешоска, Петре Прличко, Марија Исаја итн. Монтажер бил Вангел Чамчев, а музиката ја компонирал Тома Прошев. Во 1968 година, на Филмскиот фестивал во Ниш, Дарко Дамески, Ристо Шишков и Мара Исаја биле наградени со специјални награди.Фестивал Охридско лето/ Ohrid Summer Festival 56, стр. 40-41.

Кратка содржина

По Втората светска војнa, социјалистичката револуција и ослободувањето на земјата, настапува време на обнова. Тоа е време кога е наложувано на колективизација врз селските имоти. И во Западна Македонија се настојува да се спроведат новите идеи за развој на земјоделското стопанство и на сточарството. Претседател на селската задруга е Стамат (Ристо Шишков), поранешен борец, кој со сиот свој жар и револуционерен елан работи и верува дека колективизацијата е единствен излез за сиромашниот селанец. На својот пат за подобра иднина тој се судира со отпорот на поимотните селани кои тешко се разделуваат од имотот. Наспроти тоа, Стамат се соочува и со решението на Околискиот комитет, планината што им обезбедува опстанок и која што селаните ја сметаат за своја, да му се додели на Дрвниот комбинат. Настојувањето на Стамат решението да се промени е без успех. Тој чувствува дека неговиот револуционерен идеал е брутално изневерен поради нечии бирократски решенија. Во овие околности, Стамат се соочува со вистината дека селаните не му веруваат, но и покрај тоа застанува на вистинската страна.

Надворешни врски Кинотека на Македонија

Категорија:Македонски филмови од 1960-тите Категорија:Филмови на македонски јазик Категорија:Филмови од 1968 година Категорија:Филмови на Љубиша Георгиевски Категорија:Филмови со Јосиф Јосифовски Категорија:Филмови со Ристо Шишков Категорија:Филмови со Бранислав Јериниќ Категорија:Филмови со Дарко Дамески Категорија:Филмови со Драгомир Фелба Категорија:Филмови со Нада Гешоска Категорија:Филмови со Петре Прличко Категорија:Филмови со Марија Исаја Категорија:Појавено во 1968 година во Македонија