„Вапцаров“ пренасочува тука.
Никола Јонков Вапцаров (Банско, 7 декември 1909 — Софија, 23 јули 1942) — истакнат македонски писател и комунист од Банско, Пиринска Македонија.Елена Вапцарова в писмо от 1968 г.: Родината за Вапцаров е България, 20 ноември 2009, Агенция „Фокус“ Член на Сојузот на бугарските писатели, а посмртно бил добитник на почесната Меѓународна награда за мир, во 1952 година.
Вапцаров е истакнат дводомен писател, пишувал поезија на македонски народен говор и бугарски јазик.Никола Йонков. Моторни пѣсни, София, 1940. Неговото најпознато дело е стихозбирката Моторни песни со 20 песни. Во неговата поезија тој недвосмислено изјавувал дека е Македонец. Неговата поезија е изразито родољубива, општествена, револуционерна и хуманистичка.Георги Сталев, Литература на македонскиот јазик, Просветно Дело, Скопје, 1995, стр. 153.
Животопис мини|лево|Никола со татко му Јонко. мини|Споменик на Никола Вапцаров на Мостот на уметноста. Вапцаров е роден во Банско, тогаш во Солунски Вилает, Отоманско Царство, на 7 декември 1909 година, како прво дете на Иван (Јонко) Вапцаров и Елена Везјова, двајцата Македонци од протестантска (евангелистичка) вероисповед. Татко му, Иван (Јонко) Вапцаров, учествувал во револуционерното движење за ослободување на Македонија од турското ропство: најпрвин во Илинденското востание, потоа во изгонувањето на Турците во 1912 година, а потоа бил вклучен во братоубиствените борби меѓу одделните фракции на македонските револуционери. Мајката на Никола Вапцаров имала неколкугодишно образование во американскиот колеџ во Самоков, а потоа, извесно време работела како учителка во Македонија при што и таа се вклучила во борбата за ослободување на Македонија. Во раното детство, Никола Вапцаров бил воспитуван најпрвин во духот на библиските приказни, а потоа и во духот на љубовта кон книгата и кон татковината. За тоа сведочи и една случка која ја раскажува неговата мајка во нејзините спомени: еднаш, додека патувале во Добриниште, по патот сретнале Срби-заробеници, а малиот Никола ги гледал со сожалување. Кога баба му Милана му објаснила дека тие се заробени Срби, Никола ветил дека ќе стане силен, ќе ги ослободи заробениците.Гане Тодоровски, „Животот и делото на Никола Јонков Вапцаров“, во: Никола Ј. Вапцаров, Песни. Скопје: Македонска книга, Мисла и Култура, 1988, стр. 7-10.
Вапцаров завршил основно училиште и шести клас гимназија во Разлог. Тогаш го прекинал образованието во гимназијата и се запишал во Морнарско-машинското училиште во Варна, каде се сретнал со марксистичко-ленинистички кружок и станал негов активист. Таму го објавил своето прво поетско дело — стихотворбата „Кон светли идеали“. По завршувањето на школувањето, во 1932 година, Вапцаров станал машински техничар, отпрвин на еден брод со кој патувал по северниот брег на Африка. Поради ограничената комуникација со луѓето, тој ја напуштил службата и се вработил во Бугарската горска индустрија, во селото Кочериново (во близината на Дупница), како машински техничар. Додека работел во фабриката, во слободното време, Вапцаров се занимавал и со културно-просветна работа: на сцената поставил неколку пиеси, држел предавања на различни теми и се дружел со работниците. Малку потоа, тој станал член на Бугарската комунистичка партија. Според сведоштвата на Васил Иванов Чорлев и Мордоше Маџар, работници во фабриката, Вапцаров напишал драма за експлоатацијата на работничката класа која се препишувала од страна на работниците, но скришум од сопствениците и од власта. Додека работел во Кочериново, Вапцаров ја запознал својата идна сопруга Бојка, која била дете на доселени Македонци од Егејска Македонија. Токму Бојка Вапцарова ги оставила најважните информации за животот на Никола Вапцаров во периодот од 1932 и 1942 година, изнесени во нејзината книга „Кога воскреснуваат милионите луѓе“ (Софија, 1961).Гане Тодоровски, „Животот и делото на Никола Јонков Вапцаров“, во: Никола Ј. Вапцаров, Песни. Скопје: Македонска книга, Мисла и Култура, 1988, стр. 12-14.
Во 1935 година, фабриката во која работел Вапцаров била затворена и тој останал без работа. Меѓутоа, под негово водство, работниците од фабриката кренале бунт и ги присилиле сопствениците повторно да ја отворат фабриката. Сепак, власта дознала за дејноста на Вапцаров и тој бил отпуштен од работа. Тогаш започнале најтешките години во неговиот живот (1936-1937), кои во својата книга ги опишува Бојка Вапцарова: Никола Вапцаров се разболел, а нивното дете умрело, а тој и сопругата преживеале само благодарение на помошта што им ја давале неговите другари. Никола Вапцаров не можел да најде работа, но најпосле, по долго барање, се вработил како техничар во мелницата на браќата Бугарчеви во Софија, каде работел во тешки услови - работно време од 12 часа, и тоа само ноќна смена, постојано изложен на големи количества јаглерод-диоксид што ги испуштала машината. Сепак, дури и во тие околности, Вапцаров не престанал да пишува, а своите стихови ги објавувал во прогресивните весници и списанија. Во 1938 година ги напуштил браќата Бугарчеви и се вработил како ложач во Бугарските државни железници, но и таму условите за работа биле тешки, поради што неколкупати се разболел. Негвоите другари му помогнале да се вработи во фабриката за месо, а истовремено се вработила и сопругата Бојка.Гане Тодоровски, „Животот и делото на Никола Јонков Вапцаров“, во: Никола Ј. Вапцаров, Песни. Скопје: Македонска книга, Мисла и Култура, 1988, стр. 14-15. Во истата година, Вапцаров одржал говор пред Македонскиот литературен кружок каде што ја истакнал посебноста на Македонците. Транскрипции од говорот биле сокриени од страна на бугарските комунисти за да не стигнат во рацете на македонските историчари во 1960-тите. Во 1998 година, фалсификувана верзија на транскрипциите биле објавени од страна на бугарските историчари. Во нивната верзија, текстот завршува со тврдење за бугарски идентитет на Македонците и одбивање на обединување со ФНР Југославија — држава што не постоела во 1938 година ниту ни била планирана во тоа време.
мини|Никола Вапцаров со членови на Македонскиот литературен кружок: Михаил Сматракалев, Антон Попов (седнати), Тодор Јанев, Кирил Николов (исправени), Софија, 1940.Вапцаров активно се ангажирал во организацијата на бугарските машински техничари, го издавал весникот „Технички глас“, бил член на нелегалното раководство на синдикатот на техничарите и бил дел од раководството на партиската организација на индустрискиот квартал во Софија. Исто така, тој се вклучил во протестите против фашистичката агресија на европски земји и бил учесник во т.н. „Соболева акција“ во околината на Разлог, поради што бил затворен, но подоцна бил ослободен благодарение на одличната одбрана за време на судењето. Сепак, тој бил протеран од разлог, како „опасен елемент“, а во 1941 година бил интерниран во Годеч, за период од три месеци. По враќањето од интернацијата, во септември 1941 година, Вапцаров се вклучил уште поактивно во револуционерната дејност и, како прв помошник на советскиот полковник Цветан Радојнов (кој тајно бил префрлен во Бугарија), учествувал во диверзантски акции. Истовремено, Вапцаров работел активно и како соработник на централниот комитет на Бугарската комунистичка партија.Гане Тодоровски, „Животот и делото на Никола Јонков Вапцаров“, во: Никола Ј. Вапцаров, Песни. Скопје: Македонска книга, Мисла и Култура, 1988, стр. 16-17. Раководителот на пиринското партизанско движење, Никола Парапунов, го поканил да се приклучи во раководството на движењето, ценејќи ги неговите диверзантски и разузнавачки акции врз важни објекти со кои се служеле фашистите во Бугарија. Вапцаров ја прифатил поканата, но не добил дозвола од раководството на Централниот комитет на Бугарската работничка партија (комунисти). Вапцаров таа постапка не можел да ја разбере, па продолжил со диверзантските акции.
Поради членството во Бугарската комунистичка партија, Вапцаров паднал во немилост на профашистичките реакционерни сили во Бугарија. Најпрвин, во 1933 година, тој бил тепан од страна на функционери на ВМРО поради неговите политички дејствувања. Според сведоштвото на Георги Караславов искажано во „Средби и разговори со Никола Вапцаров“ (Софија, 1961), припадниците на ВМРО на Иван Михајлов извршиле неуспешен атентат врз Вапцаров на патот меѓу Горна Џумаја и Бараково, кога „непознати“ лица пукале во Вапцаров, но не успеале да го погодат. Најпрвин, Караславов сметал дека причината за атентатот била тоа што Јонко Вапцаров бил „протогеровист“ и противник на михаиловистите или пак можеби поради тоа што Никола му помагал на својот татко. Меѓутоа, самиот Никола Вапцаров му кажал дека обидот за убиството бил поради неговата комунистичка активност во фабриката во која што работел.Гане Тодоровски, „Животот и делото на Никола Јонков Вапцаров“, во: Никола Ј. Вапцаров, Песни. Скопје: Македонска книга, Мисла и Култура, 1988, стр. 11-12. По неуспешниот атентат врз него, Вапцаров напишал писмо до Ванчо Михајлов, прашувајќи го зашто сакаат да го убијат, а овој настан подоцна го инспирирала да ја напише стихотворбата „Песна“.
Стрелање мини|321x321пкс|Првата страна од пресудата во име на Цар Борис Трети, против Никола Вапцаров, Антон Попов, Атанас Романов и останати активисти. Како соработник на воената организација на Бугарската комунистичка партија, на 4 март 1942 година, Вапцаров бил уапсен, заедно со Атанас Романов и Антон Попов, по што бил подложен на измачување од полицијата во текот на четири месеци.Гане Тодоровски, „Животот и делото на Никола Јонков Вапцаров“, во: Никола Ј. Вапцаров, Песни. Скопје: Македонска книга, Мисла и Култура, 1988, стр. 17-18. Заедно со поголема група антифашисти, во судскиот процес против ЦК БРП, Вапцаров бил осуден на смртна казна, без право на жалба. Под притисок на своите роднини, Никола напишал молба за помилување, која гласела:ЦВА, ф.16, оп.ІІ, а.е.112, л.329
„До Негово величество царот — Софија
Осуден сум на смрт со стрелање, кривичен закон дело нр 585, Софиски военополски суд. Молам пресудата да биде заменета со доживотен затвор.
Никола Иванов Вапцаров. Централен затвор”.
И покрај тоа, на 23 јули 1942 година, во 11 часот, во присуство на најблиските, на Вапцаров и на другите осудени им била прочитана пресудата. Истата вечер, во 21 часот и 10 минути, Никола Вапцаров и Антон Попов, заедно со четворица други бугарски комунисти,Гане Тодоровски, „Животот и делото на Никола Јонков Вапцаров“, во: Никола Ј. Вапцаров, Песни. Скопје: Македонска книга, Мисла и Култура, 1988, стр. 18. биле стрелани во дворот на една софиска касарна.
По првото пукање, поетот останал жив, но се онесвестил. Докторот што го примил, го почувствувал пулсот и констатирал дека Вапцаров е жив. Потоа неговите убијци се јавиле на телефон во палатата и го известиле лично Борис III, кој бил незадоволен од оваа вест и со груб тон наредил поетот да биде ликвидиран.
Според меѓународното право, властите немаат право повторно да ја извршат казната. Кој ќе преживее по пукањето, останува жив. Сепак, следело второ погубување, лично наредена од бугарскиот Цaр Борис III. Вапцаров бил застрелан од блиску во главата и силен млаз крв му течело по десното рамо.
Осврнувајќи се на судењето на нејзиниот син, мајка му на Никола Вапцаров во своите „Спомени за мојот син“, објавени во Софија во 1960 година, запишала: „Нема бог, не може да има. Ако имаше, тој ќе ме слушнеше. Јас толку од срце се молев да ми го спаси синот, мојот син, кој се бореше за среќата на народот, но тој не ме слушна. Или пак, ако го има, тој е ѕвер... Го уништив во своето срце бога, но најдов во зборовите на Никола повеќе вистина: 'Ако треба, и ти ќе умреш за таа идеја' — така ми рече тој. И тие негови зборови за мене станаа смисла на животот.Гане Тодоровски, „Животот и делото на Никола Јонков Вапцаров“, во: Никола Ј. Вапцаров, Песни. Скопје: Македонска книга, Мисла и Култура, 1988, стр. 9-10.