Словенските јазици — една од најголемите групи на индоевропски јазици. Најмногу се зборуваат во Европа, но исто така и во Северна Азија, односно во азискиот дел од територијата на Руската Федерација.

Класификација

Словенските јазици се делат на неколку главни групи:

прасловенски јазик источнословенски јазици староруски јазик (рус(ь)(с)кыи) † белоруски јазик (беларуская) русински јазик (русинська) руски јазик (русский) украински јазик (украї́нська) јужнословенски јазици источна група старословенски јазик (, ) † бугарски јазик (български) македонски јазик западна група босански јазик (bosanski) словенечки јазик (slovenščina) српски јазик (српски/ srpski) хрватски јазик (hrvatski) црногорски јазик (црногорски/ crnogorski) западнословенски јазици лехитска група полапски јазик (slüvensťĕ) † полски јазик (polski) поморски јазици кашупски јазик (kaszëbsczi) словински јазик (słowińskô) † лужичка група горно лужички јазик (hornjoserbsce) долно лужички јазик (dolnoserbski) чешко-словачка група словачки јазик (slovenčina) чешки јазик (čeština)

Симбол:

† - мртви јазици, вештачки зачувани во црквата или познати на науката по текстови.

Акцент Акцентот во словенските јазици може многу да варира помеѓу различните јазици, па дури и меѓу дијалектите во еден јазик. Секој словенски јазик има свој уникатен акцент кој може значително да влијае на изговорот и значењето на зборовите.

Во источнословенските јазици акцентот е слободен и може да се најде на било кој слог од зборот. Ист е случајот и со јужнословенските јазици, со исклучок на македонскиот каде акцентот е определен и секогаш се паѓа на третиот слог од крајот на зборот. Во западнословенските јазици акцентот е исто така определен, и се паѓа на вториот слог од крајот на зборот (во полскиот јазик) и на првиот слог од зборот (во чешкиот и словачкиот јазик).

+Акцентот во словенските јазициАкцентЈазициСлободенруски, украински, белоруски, српски, хрватски, словенечки, бугарскиОпределенна вториот слог од крајот на зборотполскина третиот слог од крајот на зборотмакедонскина првиот слог од зборотчешки, словачки

Писма мини|Асеманиево евангелие (11 век) Многу азбуки биле користени едно или друго време за пишување на словенските јазици. Најчесто користени се глаголицата, кирилицата и латиницата; спорадично биле користени и грчката, арапската, па дури и хебрејската азбука.

Приближната дистрибуција по локација и период е приближно следнава:

Глаголица – Моравија (9 век); Македонија (9 – 11 век); Бугарија (9 – 12 век); Хрватска (10 – 16 век), потоа во црковна употреба до 19 век, и спорадично во 20 век; Словенија (15 – 16 век); Бохемија и Полска (14 – 16 век); Кирилица – Бугарија (9 век – денес); целиот источнословенски простор (Русија, Украина, Белорусија), Македонија, Србија, Босна и Црна Гора (10 век – денес); Латиница – западнословенската област (10 век – денес); Хрватска и Словенија (10 век – денес); Србија (но секогаш споредна на кирилицата), исто така Босна, истиот период; Белорусија и дел од Украина (16 – 20 век); Грчка азбука – Македонија, особено во егејскиот дел (15 – 19 век); Арабица – Белорусија (16 – 18 век); Босна (15 – 20 век); Хебрејска азбука – Белорусија (16 – 18 век).

Општо земено, отсекогаш постоела тесна корелација помеѓу азбуката и религијата, иако не секогаш таа морала да биде причинско-последична.

Наводи

Извори

Јазици Категорија:Флективни јазици Категорија:Флективни јазици