Џамијата Казанџилер е поранешна џамија која се наоѓала во Старата скопска чаршија. Познато е дека била изградена во текот на 17. век од страна на казанџискиот еснаф во чаршијата и по својот изглед претставувала скромна градба.Казанџилер џамија , sataracarsija.mk. Џамијата била разрушена во земјотресот од 1963 година.Ослободувањето и катастрофалниот земјотрес во ’63 – та , sataracarsija.mk.

Во минатото, џамијата Казанџилер, заедно уште со Ѓулчилер амам и Куршумли ан, образувале една целина, од која денес е преостанат само Куршумли ан, кој бил обновен по делумното разрушување во земјотресот.Кури амам бил сува бања , Вест, 29 декември 2008.

Поврзано Ѓулчилер амам; Куршумли ан; Стара скопска чаршија.

Наводи

Категорија:Џамии во Скопје Категорија:Стара скопска чаршија Категорија:Отомански џамии во Македонија Категорија:Поранешни џамии во Македонија Категорија:Урнатини во Македонија Казанџилер