Шлајц () — град во округот Зале-Орла, во Тирингија, Германија.
Местоположба
Шлајц се наоѓа во тириншката област Фогтланд, пошумено подрачје на границата на Тирингија, Саксонија, Баварија и Чешка. Градот се наоѓа во долината на реката Визента, близу автопатот А9 (Берлин – Минхен).
Градски единици
Шлајц ги вклучува следниве единици:
Мешлиц Грохвиц Обербемсдорф Лесау Лангенбух Вистендитерсдорф Дресвајн Грефенварт Ошиц Хајнриксру
Историја
Шлајц започнал како мала населба која потекнува околу 1200 година („Altstadt“) и одделениот Нов град („Neustadt“), кој бил основан веднаш до него. Новиот град имал замок и градски ѕидини. До 2 декември 1482 биле целосно одделени заедници, по што се споиле во еден град. Имало и населба на Тевтонскиот ред и некое време пред 1848 градот бил главен град на малото кнежевство Ројс-Шлајц. Во негова близина се одржала битка помеѓу Французите и Прусите во 1806.
Замокот бил уништен кон крајот на Втората светска војна, во април 1945.
Население
Движење на бројноста на населението низ годините:
1834 — 1995 1834 - 4.619 1890 - 4.928 1933 - 6.505 1939 - 6.828 1960 - 7.933од 1960 па натаму на 31 декември 1994 - 8.567Извор од 1994 па натаму: Тириншка служба за статистика 1995 - 9.1631996 — 2002 1996 - 9.528 1997 - 9.375 1998 - 9.389 1999 - 9.336 2000 - 9.309 2001 - 9.268 2002 - 9.2232003 — 2009 2003 - 9.100 2004 - 9.069 2005 - 9.012 2006 - 8.932 2007 - 8.868 2008 - 8.824 2009 - 8.717
Наводи
Надворешни врски
Официјална страница на градот
Категорија:Зале-Орла Категорија:Села во Саксонија-Анхалт