Стиховно Војување е музичка рап група од Битола (Република Македонија), оформена зимата на 22 декември 2006 година од пет основачи :

Аџиоски Христијан - Кичо Мирчевски Васко Котевски Жанко Лутовски Дејан Мартин Шишкин

Нивната творба е разгранета на повеќе области од кои најзастапени се : Пишување песни, прозни дела, снимање, рецитирање, аудио продукција, компонирање музика, графички дизајн, цртање, аниминирање, сценографија, организирање културно уметнички настани на локално и на регионално ниво.

Почетоците во групата :

Почетоците на оваа група се темелат и пред нејзиното оформување. Кон крајот на 2005 година Кичо, Васко и Џо ја оформуваат својата прва група. Но како овој состав не снимија ниту една песна. Првата демо снимка е направена во жешкиот август, 2006 година, од Кичо и Васко Патуљче, насловена како "Животот и Реалноста", снимена во детската соба на Васко Патуљче, со ниско буџетна опрема и аматерски удел. Првите удари на музичко поле се случија кога Жанко го презеде местото на Џо и стана почесен член на непобедливото трио Кичо, Васко и Жанко. Во исто време, Декс и Шишкин исто така ја оформија својата прва група, градејќи си своите способности, но без ниту еден снимен материјал. Малку подоцна, доаѓа до запознавање на овие две помали групи и давање идеја за оформување на една поголема група која ќе ја истакнат на површина, ќе ја искачат на врвот.

Оваа петорка длабоко го вкоренува својот труд во музичката сфера, така што секој поединечно своите почетоци максимално ги посветува во групата, здружено и активно започнуваат да ја врежат својата историја во рамките на македонскиот рап. Како млади и перспективни деца, на возраст од 14 до 16 години, си поставуваат цел која има дава трнлив патоказ кон нејзино остварување. Првата официјална демо снимка како Стиховно Војување ја направија јануари, 2007 година, за темата "Сè што ми пречи" Овие првични песни, заедно со уште десетина музички обиди од 2006та и 2007ма година, никаде не се објавени, во согласност со членовите на Стиховно Војување. На 07. 04. 2007 година се случи нивниот прв настап, во Битолскиот некогашен клуб Зодијак, а подоцна бројот на нивните настапи почна значително да се зголемува како во Битола така и пошироко низ Македонија. Летото, 2008ма година, кочечно ја напуштаат детската соба на Васко, отворајќи го нивното прво студио и почнуваат да фукционираат и постојат под своја продукција “Feel tha mic records”.

Здружение КУД Стиховно Војување - Продукција :

Кон почетокот на 2010 година, членовите на Стиховно Војување го реставрираат старото место кое значеше студио со полупрофесионална опрема, складна на условите и прават целосна реконструкција на таканареченото студио. Собата ја збогатуваат со опрема од продукциски, но и од композициски музички карактер. Студиото оформува тим за работа и спроведува систем на функционирање. Мирчевски Васко, кој веќе неодамна имаше диплома за завршен курс по Продукциски часови во приватното училиште "Ентерпрајс" во Скопје беше официјално назначен за продуцент и водач сите продукциски активности. На 22 септември, 2011 година, добиваат решение за основано здружение на граѓани насловено како Културно Уметничко Друштво "Стиховно Војување - Продукција", каде Христијан Аџиоски - Кичо е назначен за Претседател на здружението. Зад цела обработка на дизајнот и графиката застанува Котевски Жанко, кој исто така има завршено курс за 2D и 3D дизајнер.

Промени во составот :

Корените како петчлена екипа низ историјата на нивното творештво не траеја уште предолго. Пристигна часовен појас која го повика распадот на петорката. Кон почетокот на 2011та година, Мартин Шишкин, од сопствени причини ја напушта групата. После неговото заминување продолжуваат останатите, четворицата основачи. Мартин Шишкин имаше дадено свое учество единствено во компилацијата "Ништо Нема Да Не Промени" во 2009та година, а од видео материјалот сними само два видео записи "Понуда (2009)" и "Дива Лига (2010)". Една и пол година подоцна, Стиховно Војување изгуби уште еден член. Дејан Лутовски - Декс, ја напушта групата летото, 2012та година и остануваат оние истите од на почетокот, од лулката на нивното формирање. Кичо, Васко и Жанко. Оваа тројка останува на позиција, работи на големи проекти со големи амбиции до нивно успешно реализирање.

Дискографија :

Година на издавање Име на албумот Продукција Промоција 2009 Ништо нема да не промени Feel Tha Mic Records 07.09.2009 2011 Шоуто мора да продолжи S.V. Production 18.07.2011 2011 Ме научи да научам S.V. Production 10.12.2011 2013 Сега или некогаш S.V. Production 10.08.2013

Ништо нема да не промени (2009) Ништо нема да не промени е компилациско издание или mixtape во кои се собрани поголем број на соработки со други артисти, пејачи, продуценти. Оваа компилација содржи 13 нумери, од кои дури 10 се снимени и продуцирани во сопственото студио Feel Tha Mic Records. На 07.09.2009 година, за првпат се појавуваат како организатори со нивната прва промоција на овој проект во Олимписки Базен - Битола, каде што заедно со Mixtape - от, на истиот датум беше промовиран и нивниот прв видео запис "Понуда".

Шоуто мора да продолжи (2011)

Шоуто Мора Да Продолжи е соло проект на Васко Патуљче, кој како и во секој проект, освен како артист се појавува и како продуцент на целосно снимениот материјал. А зад композицискиот дел на овој проект стои Битолскиот музичар Филип Тодоровски. Промоцијата на овој албум се случи во Битолскиот кафе бар "Код" на 18 јули 2011 година.

Ме научи да научам (2011)

Ме Научи Да Научам е производ на нивниот прв никогаш неиздаден албум "Од поинаков поглед" кој се спремаше полни три години (2007 - 2010), но никогаш не се очекуваше точниот датум за завршниот чин на овој албум. Работата и уделот кои беа вложени во овој проект значитечно се одразија врз нивниот раст на квалитетот како група, но и како поединци. Иако овој проект беше поништен од целосно реализирање, беше позитивно влијателен врз основа да се почни со изработка на нов албум, кој ќе го носи името "Ме научи да научам". Всушност самото име ја изразува благодарноста за трпението и упорноста која беше стекната додека се реализираше "Од поинаков поглед (2007 - 2010)". Албумот беше целосно завршен есента во ноември 2011та година, а промоцијата на истиот се случи на 10 декември 2011 година, во НУ Центар за култура - Битола, во малата сала каде членовите на Стиховно Војување направија необична изведба, по што се и препознатливи самите креативци. Седеа читајќи поезија поврзана со нивните почетоци, авантури, снимања и годините низ нивната младост. Се појавија како раскажувачи на своите дела кои ја водеа публиката низ времето од кога се оформија, до јубилејниот настан каде славеа пет години од нивното постоење.

Сега Или Некогаш (2013) - Сè уште во изработка

Албумот насловен како "Сега или некогаш" е во моментална изработка, снимањето се одвива во "Стиховно Војување - Продукција", а како автори на песните и нивните тематски содржини се појавуваат членовите на Стиховно Војување. Албумот ќе содржи 12 нумери, а промоцијата на истиот се очекува да биде реализирана кон почетокот на мај 2013 г., за која веќе се проектира организирана турнеја низ повеќе градови во Македонија.

Видео Спотови :

Година Име на спот Продукција Сценарио Албум 2009 Понуда Дарио Јанкович Стиховно Војување Ме научи да научам 2010 Навикнавме Кичо & Жанко Кичо & Жанко / 2010 Дива лига Дрим Каст Продукција Стиховно Војување Ме научи да научам 2011 Ми треба Дрим Каст Продукција Васко Патуљче Шоуто мора да продолжи 2011 Супер изроди Дрим Каст Продукција Стиховно Војување Ме научи да научам 2011 Нашите песни Гнасни Деца Продукција Стиховно Војување Ме научи да научам 2012 Модерен заплет Гнасни Деца Продукција Стиховно Војување Сега или некогаш 2012 Кога си тука Гнасни Деца Продукција Стиховно Војување Сега или некогаш 2012 Сега или некогаш Гнасни Деца Продукција Стиховно Војување Сега или некогаш 2013 Запри го возот Гнасни Деца Продукција Стиховно Војување Сега или некогаш

Настапи :

06.04.2007 - Зодијак (Битола)

26.10.2007 - Зодијак (Битола)

09.06.2008 - Техничко Училиште (Битола)

20.12.2008 - Зодијак (Битола)

03.01.2009 - Клуб Кастро - Total Demo Fest(Скопје)

28.02.2009 - Зодијак - Eksik Fest (Битола)

03.04.2009 - Клуб Ас (Велес)

11.04.2009 - Клуб Кастро (Скопје)

09.05.2009 - Плоштад Магнолија - Ден на Европа (Битола)

01.07.2009 - Олимписки Базен (Битола)

08.07.2009 - Градска Фонтана (Битола)

26.08.2009 - Олимписки базен (Битола)

07.09.2009 - Олимписки базен - Промоција на албум и спот (Битола)

18.12.2009 - Зодијак (Битола)

26.12.2009 - Клуб Кастро - Хип Хоп награди (Скопје)

23.01.2010 - Клуб Кастро - Total Demo Fest (Скопје)

03.02.2010 - Техничко Училиште (Битола)

24.02.2010 - Центар за Култура - Хуманитарен коцерт (Битола)

26.02.2010 - Клуб Ајс (Штип)

12.03.2010 - Пит Стоп (Битола)

17.04.2010 - Апореа - Денот на планетата земја (Прилеп)

09.06.2010 - Олимписки базен - Урбан Фест (Битола)

14.06.2010 - Олимписки базен (Битола)

05.07.2010 - Олимписки базен BUS FEST 1 (Битола)

06.07.2010 - Олимписки базен BUS FEST 1 (Битола)

07.07.2010 - Олимписки базен BUS FEST 1 (Битола)

25.08.2010 - Градски парк (Битола)

29.08.2010 - Олимписки базен (Битола)

07.09.2010 - Олимписки базен - Промоција на спот (Битола)

08.10.2010 - Центар за култура (Битола)

14.01.2011 - Клуб Кастро - Total Demo Fest (Скопје)

03.02.2011 - Клуб Гете - Промоција на спот (Битола)

07.05.2011 - Код Кафе - Промоција на спот (Битола)

10.06.2011 - Код Кафе (Битола)

18.06.2011 - Код Кафе (Битола)

06.07.2011 - Широк Сокак - Денот на музиката (Битола)

18.07.2011 - Код Кафе - Промоција на албум (Битола)

11.09.2011 - Аеро Митинг (С.Логоварди - Битолско)

23.11.2011 - Спортска сала Младост - Химанитарен Концерт (Битола)

30.11.2011 - Кафе Бар Данте - Хуманитарен концерт (Битола)

10.12.2011 - Центар за култура - Промоција на албум

29.12.2011 - Плоштад Магнолија - Нова година (Битола)

09.05.2012 - Плоштад Магнолија - Ден на Европа (Битола)

10.06.2012 - Центар за Култура - Хуманитарна претстава (Битола)

21.06.2012 - Широк Сокак - Soul Street (Битола)

23.06.2012 - Градски парк (Битола)

01.07.2012 - КЦ Магаза - Промоција на книга "Подарок за блиски раце" (Христијан Аџиоски) (Битола)

03.08.2012 - Градски Парк - BUS Fest (Битола)

30.12.2012 - Плоштад Магнолија (Битола)

Учество во хуманитарни акции :

Концертот на Црвен Крст Македонија

Стиховно Војување се надалеку познати по своите хуманитарни одлики, така што неколкупати се имаат појавено како изведувачи на Хуманитарни организации во Битола. На 26 Февруари 2009 година, настапија во Центарот за Култура, на настан од хуманитарен карактер, организиран од Црвен Крст на Македонија. Средствата беа наменети за децата кои боледуваат од Хемофилија и за децата со посебни потреби.

Концертот "Битола со срце за Мартина"

Нивниот следен хуманитарен удел се случи есента на 23 ноември 2011 година, во спортската сала Младост во Битола каде настапија заедно со многу други музички имиња од градот, а и надвор од него. Стиховно Војување настапија со придружба на студиото за хип-хоп и модерен балет "Dare 2 Dance" Средствата од овој концерт беа наменети за лекување на деветгодишната Мартина која боледуваше од рак на бели дробови. Цената на влезницата изнесуваше 60 денари, а на концертот беа продадени 2500 влезници.

Членови и основачи : Актуелни претставници на Стихово Војување :

Аџиоски Христијан е роден на 14 март 1992 година во Битола. Во Стиховно Војување е уште од самиот почеток, работи како текстописец, вокален изведувач, артист, сценарист, писател и претседател на здружението КУД "Стиховно Војување-Продукција" во Битола. Автор на романот "Подарок за блиски раце". Студент на Педагошкиот факултет во Битола, насока "македонски јазик и книжевност".