Мало Коњари — село во Општина Прилеп, во Прилепско Поле, во околината на градот Прилеп.

Географија и местоположба Селото Мало Коњари е рамничарско село, сместено во Прилепско Поле. Селото се наоѓа западно од градот Прилеп. Покрај селото поминува регионалниот пат Р1306 (Прилеп — Крушево — Сладуево).

Историја

Стопанство

Население

Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Мало Коњари живееле 340 жители, сите Македонци.Васил К’нчов. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900, стр.246. Според егзархискиот секретар Димитар Мишев, во 1905 година во Мало Коњари имало 240 Македонци, под врховенството на Бугарската егзархија.Brancoff, D.M. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, рр. 148-149.

На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 г. Мало Коњаре се води како чисто македонско село во Прилепската Каза на Битолскиот Санџак со 32 куќи.

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 500 Македонци.

Според пописот од 2002 година, селото Мало Коњари брои 727 жители, од кои 723 Македонци, 2 Срби и 2 останати.Попис на населението, домаќинствата и становите во Република Македонија, 2002 - Книга X

Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 618 жители, од кои 576 Македонци, 2 Албанци, 3 останати и 37 лица без податоци.

Родови

Мало Коњари е македонско село.

Според истражувањата од 1954 година, родови во селото се:

Доселеници: Анѓелевци (10 к.) порано се викале Кусеви. Доселени се од некое место во албанското приморје. Во Прилепско се населиле три семејства. Едното во Мало Коњари, другото во Кадино Село (Јовевци), а третото во селото Свето Митрани (Коларовци). Анѓелевци Го знаат следното родословие: Алекса (жив на 24 г. во 1954 година) Никола-Димо-Петре-Наум, се доселил таткото или дедото на Наум; Тикварци (15 к.) се викаат и Кукиновци. Доселени се после првиот род од некое место во Тиквеш; Караиловци (18 к.) основачот на родот се викал Кара Илија. Кон крајот на XVIII век се доселил со неговата жена како орач од Ерменија. Затоа ги викаат и Ерменковци. Го знаат следното родословие: Богоја (жив на 71 г. во 1954 година) Јован-Мирче-Коте-Кара Илија, кој се доселил во селото; Галевци (5 к.) доселени се од селото Свиништа во Охридско; Каравеловци (6 к.) доселени се од селото Ерековци. Го знаат следното родословие: Боге (жив на 58 г. во 1954 година) Ордан-Нешко-Веле, кој се доселил во селото; Бабановци (9 к.) доселени се од селото Новоселани во Битолско. И таму биле доселени однекаде; Настевци (8 к.) доселени се од Брод во Порече; Прдешковци (5 к.) доселени се од селото Чепигово; Врбјанци (2 к.) доселени се од селото Врбјани. Таму припаѓале на родот Јефтинџиовци, подалечно потекло од селото Кореница; Мисирковци (3 к.) доселени се од селото Боротино; Барлевци (5 к.) доселени се од селото Галичани. Имаат роднини во Галичани и Боротино. А некое време живееле и во селото Кадино Село; Аџијовци (7 к.) доселени се од некое село во Порече; Трајковци (3 к.) доселени се во 1912 година од селото Беровци; Бегалиновци (2 к.) доселени се од селото Големо Коњари; Шеровци (2 к.) доселени се однекаде.

Општествени установи

Самоуправа и политика

Избирачко место

Во селото постои избирачкото место бр. 1447 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на основното училиште.

На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 573 гласачи.

Културни и природни знаменитости Цркви Црква „Рождество на пресв. Богородица“

Археолошки наоѓалишта Селиште Чука

Во културата Дејствието на приказната „Силјан Штркот“ собрана од Марко Цепенков се одвива во Мало Коњари.

Редовни настани

Личности

Култура и спорт

ФК Млекар

Иселеништво

Наводи

Надворешни врски

Категорија:Села во Македонија Категорија:Прилепски села Категорија:Села во Општина Прилеп