Пркос () — едногодишно тревесто растение со месести, полегнати стебла со црвеникава боја, високи до околу 30 см. Листовите се месести и издолжени, долги до 2,5 см. Цветовите се 2,5 – 3 см во пречник, со 5 венечни ливчиња, но се среќаваат и со двојно венче. Цвета во разновидни нијанси на црвено, портокалово, жолто, циклама и бело. Кај повеќето сорти цветовите се отвораат само во сончев ден. Потекнува од јужна и средна Америка. Најблиски сродници му се од семејството на кактусите (Cactaceae).
Одгледување
Пркосот е непретенциозно растение. Расте на секаква почва, како и меѓу камењата, по што и го добил името. Ја сака сончевата светлина, вирее добро на јужен прозорец или балкон. Неговите месести стебла и лисја му помагаат да го поднесе Сонцето и сушата. Неговите семиња сами се засејуваат и напролет ‘ртат.
Наводи
Надворешни врски „ПРКОС (Portulaca grandiflora) – отпорна градинарска билка која цвета преку цело лето а кога е облачно се затвора“ „Пркос (lat. Portulaca grandiflora)“ , „Сè за домот“
Категорија:Пркос (род) Категорија:Флора на Јужна Америка