Артјомс Рудневс (роден на 13 јануари 1988 година во Даугавпилс) — латвиски фудбалер, кој во моментов игра како напаѓач во германската Бундеслига за Хамбургер.

Кариера Рудневс е роден во Даугавпилс и ја започнал својата кариера во локалниот клуб Даугава. Во февруари 2009 година тој ја напуштил Латвија и се сели во унгарскиот клуб Залаегерсцег. Во текот на сезоната 2009-10 Рудневс постигнал 16 голови и бил втор стрелец во лигата зад србинот Немања Николиќ кој имал 2 повеќе од него. По добрите игри во Унгарија преоѓа во полскиот шампион, тимот на Лех од Познањ за сума од нешто преку половина милион €. На 16 септември 2010 година Рудневс го одиграл натпреварот на својата кариера дотогаш откако успеал да постигне хет-трик на гостувањето кај италијанскиот Јувентус во натпревар од Лигата на Европа што завршил 3-3. Откако сезоната 2011-2012 ја заврши како топ-реализатор во полската Екстракласа со 22 гола, Рудневс го напуштил Лех и потпишал за германскиот Бундеслигаш Хамбургер.

Во својата прва сезона во Бундеслигата со Хамбургер, тој постигнал 12 гола со што бил најдобар стрелец на својот тим со 12 голови колку што имал и Јужно Кореецот Сон Хеунг-Мин. Следната сезона тој го загубил местото во почетната постава и одиграл само 6 натпревари во есенскиот дел од првенството.

На 10 јануари 2014, Рудневс се согласил да премине во редовите на Хановер 96 на заем до крајот на сезоната.Рудневс доаѓа во Хановер на заем Веќе на своето деби за клубот на 25 јануари, тој го постигнал својот прв гол за 96-ките, помагајќи им да стигнат до победа против локалните соперници Волфсбург со 3-1 во гости.

Репрезентативна кариера Рудневс го направил своето деби за репрезентацијата на Латвија на 12 ноември 2008, во натпревар против Естонија. Својот прв репрзентативен погодок го постигнал на 7 октомври 2011, во победата против Малта со 2-0.

Титули Даугава Куп на Латвија : 2008

Залаегерсцег Куп на Унгарија : 2010-вицешампион

Лен Познањ Куп на Полска : 2011-вицешампион

Надворешни врски Артјомс Рудневс на soccerway Артјомс Рудневс на Transfermarkt Артјомс Рудневс на Goal.com Артјомс Рудневс на espn Артјомс Рудневс на whosocered

Надворешни врски

Категорија:Живи луѓе Категорија:Латвиски фудбалери Категорија:Фудбалери од Бундеслигата Категорија:Фудбалери на ФК Лех Познањ Категорија:Фудбалери на ФК Хамбургер Категорија:Фудбалери на ФК Хановер 96 Категорија:Родени во 1988 година