Царевиќ — село во Општина Прилеп, во областа Раец, во околината на градот Прилеп.

Географија и местоположба

Историја Во XIX век селото било дел од Прилепската Каза на Отоманското Царство.

Стопанство

Потекло на името Според Марко Цепенков, името на селото е добиено според некој цар кој шетал и поминал покрај ова село. Сите селани излегле со најголеми причести го пречекале, а една стара жена замесила зелник и царот тука ручал. Оттогаш селото го нарекле Царевиќ.

Население

Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Царевиќ живееле 470 жители, од кои 460 Македонци и 10 Роми.Кънчов, Васил. „Македония. Етнография и статистика“. София, 1900, стр. 244. Според егзархискиот секретар Димитар Мишев, („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Царевиќ имало 320 Македонци, под врховенството на Бугарската егзархија.Brancoff, D.M. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, рр. 150-151.

На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 г. Царевник се води како чисто македонско село во Прилепската Каза на Битолскиот Санџак со 40 куќи.

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 200 Македонци.

Според пописот од 2002 година, селото имало 10 жители, сите Македонци.Попис на населението, домаќинствата и становите во Република Македонија, 2002 - Книга X

Според последниот попис од 2021 година, во селото немало жители.

Родови Царевиќ е македонско село.

Според истражувањата од 1920-1924, родови во селото:

Староседелци: Станковци (5 к.), Бекчевци (4 к.), Гусовци (6 к.), Димовци (2 к.), Калажеговци (1 к.) и Мицковци (1 к.) Доселеници: Соколовци (8 к.) доселени биле во почетокот на 19 век од некое прилепско село; Бошковци (5 к.) доселени биле во почетокот на 19 век од селото Раец; Илевци (1 к.) доселени во 1860 година од селото Радобил; Бачковци со Данчевци (2 к.) доселени се во 1870 година од селото Смолани; Пешиќовци со Дујевци (2 к.) доселени се во 1880 година од селото Радобил; Котевски (1 к.) доселени се во 1904 година од селото Марул.

Општествени установи

Самоуправа и политика

Избирачко место

Во селото постои избирачкото место бр. 1430 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на приватна куќа. Во ова избирачко место е опфатено и селото Дрен.

На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 8 гласачи.

Културни и природни знаменитости Цркви Црква „Св. Димитриј“ од 1899 г.

Редовни настани

Личности

Култура и спорт

Иселеништво

Наводи

Надворешни врски

Категорија:Села во Македонија Категорија:Прилепски села Категорија:Села во Општина Прилеп

Категорија:Раселени села во Македонија