Илино — раселено село во Општина Ресен, во областа Преспа, во околината на градот Ресен.

Географија и местоположба Селото се наоѓа во Општина Ресен, во областа Преспа чиј атар се допира со подрачјето на Општина Охрид.

Население

Селото е целосно раселено и според пописот од 2002 година, селото нема жители.Попис на населението, домаќинствата и становите во Република Македонија, 2002 - Книга X Истото било потврдено и на пописот од 2021 година.

Самоуправа и политика

Избирачко место

Во селото постои избирачкото место бр. 1636 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на селски дом на селото Горно Крушје.

На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 73 гласачи.

Иселеништво Селото е целосно иселено. Голем број од населението мигрирало во Аргентина (преку 10 семејства). Населението во помал број се иселувало уште и во Србија, САД, Бугарија, Ресен, Скопје.

Наводи

Надворешни врски

Категорија:Села во Македонија Категорија:Ресенски села Категорија:Села во Општина Ресен

Категорија:Раселени села во Македонија