Лавци (или Влашци) — село во Општина Ресен, во областа Горна Преспа, во околината на градот Ресен.
Географија и местоположба Лавци се наоѓа 6,5 км југозападно од Ресен во воздушна линија сметано од средиштата на населените места. Соседни села се: Прељубје (на југ; 1,2 км), Дрмени (на запад; 3,3 км), Царев Двор (на запад; 3,6 км), Горно Дупени (на североисток; 2,2 км), Евла (на север; 3,4 км).
Историја Во 1468 г. селото било мулк (имот) на извесен Мурат. Заведени се жителите Никола, син на Мано; Радоја, син на Боѓол; поп Петре; Томко (или Думко), зет на Васил; Јован, син на Томко; Дујко, сиромав; Димитри Приезда; Миле, син на Стале; Радан, сиромав; Радослав, Србин; Раде, сиромав; Никола, син на Мануил; Крајо, брат на Добре; Миле, син на Бојко; Петко, син на Ѓорго; Божик, сиромав; Драгош Петко; Пејо, син на Драгош; Дујко, син на Черп; Добре, син на Преспанчанецот; Раде, син на Калуќер; вдовица Рада; Димитри, син на Тодор; Димитри, син на Мартин; Никола, син на Димитри; Музак, син на Черп; Велко, син на Черп; Стајко, говедар; Бојко, син на Драго; Пројо, син на Пејо; Миле, син на Черп, зет на Димче; Никола, син на Димитри. Броело 33 семејства, 1 вдовица, па вкупно 169 жители, кои таа година платиле 3.788 акчиња данок — 1.200 само ушур за лозје и 825 акчиња за испенџе. Плаќале за лен, свилена буба, свињи и улишта, бостан, свадбарина и нијабет.
Во дефтер од 1519 г. Влашци имало 98 христијански домаќинства, 4 вдовици христијанки и 10 ергени христијани. Во дефтерот од 1583 се води со 93 христијански семејства, 38 ергени христијани и 1 муслиман кој имал баштина (задолжбина).
Влашци спаѓало во средно развиените селски населби. За последен пат се споменува во 1568 г. како населено место со 192 жители.. Во изворот погрешно се води како Демирхисарско, но всушност се работи за друго име на ова Лавци.
Стопанство
Население
Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Лавци живееле 276 жители, од кои 150 Турци, 120 Македонци и 6 Албанци.Васил Кънчов. „Македония. Етнография и статистика“. София, 1900, стр. 238.
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 200 Турци и 100 Македонци.
Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 118 жители, од кои 13 Македонци, 6 Албанци, 98 Турци и 1 останат.
На табелата е прикажан националниот состав на населението низ сите пописни години:Попис на населението, домаќинствата и становите во Република Македонија, 2002 - Книга X
ГодинаМакедонциАлбанциТурциРомиВласиСрбиБошњациВкупно1948—————————3051953126—206————1—33319611211217——————3391971103—209——————31219819716241————4—3581991284164————5—2011994284113——————1452002182113————1—134200213698—————1118
Родови мини|200п|Куќа во западниот дел на Лавци. Лавци е македонско-турско село.
Македонски родови се: Андоновци, Бојчевци, Гештаковци, Жиловци, Таневци (доселени од Коњско во 1934 година), Колевци, Мркачовци, Пандевци и Перовци (доселени од Перово). Турски родови се: Алиовци, Зеќировци, Јашаровци, Јуруковци, Резаковци, Селимовци и Шаиновци.
Според истражувањата на Бранислав Русиќ во 1949 година, родови во селото се:
Македонски
Староседелци и со непознато потекло: Жиловци (8 к.) Доселеници: Андоновци (4 к.) доселени се од селото Прељубје; Коњцкари со Ивановци и Тасевци (3 к.) доселени се во 1914 година од селото Коњско. Подалечно потекло од селото П’пли во егејскиот дел од Преспа; Пандевци (5 к.) доселени се во 1915 од селото Волкодери; Перовци и Голицовци (1 к.) доселени се од селото Перово; Колевци (1 к.) доселени се во 1920 година од селото Шурленци; Мркачовци (2 к.) доселени се од селото Горно Дупени;
Муслимански
Староседелци: Шаиновци (9 к.) и Јашаревци (8 к.) Доселеници: Алиовци (17 к.) доселени се од некое место Пеќиште.
Општествени установи
Самоуправа и политика
Избирачко место
Во селото постои избирачкото место бр. 1665 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на продавница на Акиф Селимовски.
На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 172 гласачи.
Културни и природни знаменитости мини|200п|Манастирот „Св. Петка“. мини|200п|Црквата „Св. Атанасиј“ и Старата џамија. мини|200п|Новата џамија. Верски храмови Манастир „Св. Петка“ Црква „Св. Атанасиј“ Нова џамија Стара џамија
Археолошки наоѓалиштаКоцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069 Тумба — населба од доцноантичко време; Андонови Градини — населба од римско време; Трансформатор — населба од средниот век; Стара Црква — црква и некропола од средниот век;
Редовни настани
Личности
Гоше Котаревски — македонски револуционер од ВМОРО. Коле Трајчев Узунов — македонски револуционер од ВМОРО.
Култура и спорт
Иселеништво Галерија
Наводи
Надворешни врски
Категорија:Села во Македонија Категорија:Ресенски села Категорија:Села во Општина Ресен