Хоенштајн-Ернстал () — град во округот Цвикау, во сојузната покраина Саксонија, Германија. Градовите Хоенштајн и Ернстал биле обединети во 1898 година и градот е познат под ова име или едноставно нарекуван само Хоенштајн.
Градот се зголемил во век по пронаоѓањето на среброто и отворањето на рудниците. Ернстал бил именуван во чест на Август Ернст фон Шенбург.
Физичарот Готхилф Хајнрих фон Шуберт и пронаоѓачот Кристоф Готлиб Шретер биле родени во Хоенштајн. Писателот Карл Мај е роден во Ернстал. Неговата родна куќа сега е музеј.
Исто така, познат е и по тркачката патека Заксенринг.
Наводи
Надворешни врски
Официјална страница
Категорија:Цвикау (округ)