Оваа статија е за група индоевропски јазици. За јазикот со исто име видете персиски јазик.
Иранските јазици сочинуваат подгрупа јазици од индоиранските јазици, дел од семејството на индоевропски јазици.Овие јазици ги зборуваат иранските народи. Историскиот развој на иранските јазици е поделен на староирански јазици (до 400 г.п.н.е.), средноирански јазици (400 г.п.н.е. - 900 г.) и новоирански јазици (од 900 г.). Од староиранските јазици најпознати се староперсискиот јазик и авестискиот јазик. Средноиранските јазици ги опфаќале, меѓу другите, средноперсискиот и партскиот јазик. Денес најголеми ирански јазици се персискиот, паштунскиот, курдскиот и белучкиот.
Според проценките за 2008 година, во светот има од 150 до 200 милиони говорници на иранските јазици. Според Ethnologue, денес има 87 ирански јазици. Персискиот јазик го зборуваат 65 милиони луѓе, паштунскиот го зборуваат околу 50 милиони луѓе, курдскиот го зборуваат околу 18 милиони, белучкиот околу 7 милиони и лорискиот околу 2,3 милиони.
Класификација Уште од основањето на индоевропските јазици во 19 век, иранските јазици (авестискиот, староперсискиот, пахлавискиот), заедно со индиски (санскритскиот, пракритскиот), биле признати во издаваштвата на јазичарот Расмус Раск во 1826 година како источна гранка на индоевропскиото јазично семејство. Поради големиот број на позајмени ирански зборови во ерменскиот јазик, јазикот бил сметан за ирански, но во 1875 година Хубшман објавил дека јазикот е засебен индоевропски. Иранските јазици се поделени на источна и западна група, вкупно опфаќајќи 84 јазици.
Споредба на иранските јазици
Наводи
Поврзано
Индоирански јазици Индоевропски јазици Ирански народи
Надворешни врски
Иранска лингвистика Иранско EFL списание Иранскии јазици Аудио и видео записи за над 50 јазици во Иран Иранските јазици на Ethnologue Ирански јазици
*