Нова Брезница (порано нарекувана Пуста Брезница или само Брезница) — село во Општина Сопиште, во околината на градот Скопје.

Географија и местоположба Селото е дел од областа Торбешија. На север е Сува Гора, а на југ Караџица.

Историја Селото се споменува во турските пописни дефтери од 1467/68 година, како дел од Скопскиот Вилает и имало 23 семејства и 1 вдовица, сите христијани.Турски документи за историјата на македонскиот народ кн.4, Методија Соколоски, д-р Александар Стојановски, Скопје 1971, стр.496

Во век, селото е дел од нахијата Каршијак во Скопската Каза во Отоманското Царство.

Според податоците од 1878 година, во селото имало 16 домаќинства во 62 жители христијани (Македонци)„Македония и Одринско. Статистика на населението от 1873 г.“ Македонски научен институт, София, 1995, с. 94-95.

Население

Според опширните османлиски дефтери за населението на Скопската Каза од 1832/33 година, селото било христијанско, каде имало 30 христијански домаќинства. На овој попис биле забележани 87 мажи христијани, со 6 новороденчиња. Се проценува дека селото во тој период имало 186 жители.

Стефан Верковиќ во 1857 година го забележува со 92 жители.

Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Пуста Брезница живееле 540 жители, од кои 360 Македонци и 180 Албанци.Кънчов, В. Македония. Етнография и статистика, София, 1900, с.256 Според егзархискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Пуста Брезница имало 256 Македонци, под врховенството на Бугарската егзархија.D.M.Brancoff. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, р.116-117.

На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 г. Пуста Брезница се води како чисто македонско село во Кичевската каза на Битолскиот Санџак со 30 куќи.

После Втората балканска војна, 1913 г. селото влегува во границите на Србија, како дел од општина Говрлево и има 535 жители.

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралство Југославија во 1931 година, селото имало 700 Македонци.

Според пописот од 2002 година, во селото имало 85 жители, од кои 83 Македонци, 1 Србин и 1 друг.Попис на населението, домаќинствата и становите во Република Македонија, 2002 - Книга X

Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 33 жители, од кои 25 Македонци и 8 лица без податоци.

Родови

Нова Брезница (порано Пуста Брезница) е македонско село.

Според истражувањата од 1950 година. Родови во селото биле:

Доселеници: Синадиновци (18 к.) први доселеници. Една нивна гранка се вика Марковски. Доселени се кон крајот на XVIII век од селото Здуње во Порече. Таму имаат истоимени роднини; Бошковци (3 к.) гранка се од родот Синадиновци, со кои биле еден род порано; Трпевци (16 к.) доселени се на почетокот на XIX век од селото Томино Село во Порече. Подалечно потекло имаат од сега раселениот град Закамен во Малесија. Го знаат следното родословие: Китан (жив на 60 г. во 1950 година) Коце-Петре-Станко-Трпе, кој се доселил; Ѓоревци (7 к.), Миленковци (11 к.) и Ѓоргијовци (10 к.) доселени се од Манастирец во Порече (денес Горни и Долни). Во родот Ѓоревци се знае следното родословие: Цветан (жив на 57г. во 1950 година) Ѓоргија-Анѓеле-Ѓоре, кој се доселил. Во родот Миленковци се знае следното родословие: Миладин (жив на 54г. во 1950 година) Билбил-Трајко-Миленко, кој се доселил во селото; Велковци (14 к.) се делат на Тасевци и Велевци. Доселени се од селото Здуње во Порече; Крстевци (4 к.) доселени се од селото Брест во Порече. Го знаат следното родословие: Вељан (жив на 58г. во 1950 година) Мате-Саве-Крсте, кој се доселил; Стевановци (8 к.) доселени се од селото Ковач во Порече. Го знаат следното родословие: Стојко (жив на 40г. во 1950 година) Стојан-Ристо-Стеван, кој се доселил; Здравевци (8 к.) доселени се од Бабуна во Велешко; Стојчевци (5 к.) доселени се од Брезница во Порече; Стаменковци (2 к.) доселени се од Белица во Порече; Василевци (5 к.) и Плавичовци (7 к.) доселени се од раселеното село Букурци во клисурата на реката Треска. Во првиот род се знае следното родословие: Дукадин (жив на 44 г. во 1950 година) Иван-Јован, кој се доселил во селото.

Културни и природни знаменитости

Цркви Црква „Св. Никола“ — главната селска црква. Обновена во 1990 година; Црква „Св. Талалеј“;

Археолошки наоѓалишта Фоја — некропола од доцниот среден век;

Пештери Ледена - пештера на н.в.од 990 м; Блажева пештера;

Личности Личности родени во Нова Брезница:

Блаже Стојановски (1922-1944) — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ Апостол Димевски (1924-1945) — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ Дуке Атанасовски (1925-1945) — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ Блажо Милевски (1926-1945) — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ Цветко Бошковски (1928-1945) — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ Бошко Стојковски (1924-2022) — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ Радим Трајковски (1913-1997) — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ Илија Трајковски (1910-1990) — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ Миладин Трајковски (1911-1988) — кмет на селото, македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ

Поврзано Торбешија Општина Сопиште Сопиште

Наводи

Надворешни врски Сателитска снимка на Нова Брезница на Карти на Гугл

Категорија:Нова Брезница