Одри — село во Општина Теарце, во околината на градот Тетово.
Географија и местоположба Селото се наоѓа во областа Долни Полог, во североисточните падини на Шар Планина. Оддалечено е 18 километри северно од градот Тетово.
Историја Селото првпат се споменува во османлиските даночни регистри на немуслиманското население од вилаетот Калканделен од 1626 - 1627 година, каде е забележано како село со 70 домаќинства.Турски извори за българската история, т. VII, София 1986, с. 335
Стопанство
Население
Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Одри живееле 320 жители, од кои 210 Македонци и 110 Албанци.Васил Кънчов. „Македония. Етнография и статистика“, София, 1900, стр.211. Според секретарот на Бугарската егзархија Димитар Мишев, („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Одри имало 360 Македонци, патријаршисти.D.M.Brancoff. "La Macedoine et sa Population Chretienne". Paris, 1905, стр.122-123.
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралство Југославија во 1931 година, селото имало 400 Македонци и 500 Албанци.
Според пописот од 2002 година Одри има 1.739 жители, од кои 139 Македонци, 1.598 Албанци и 2 Срби.
Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 1.175 жители, од кои 87 Македонци, 1.044 Албанци и 44 лица без податоци.
На табелата е прикажан националниот состав на населението низ сите пописни години:Население на Република Македонија според изјаснувањето за етничката припадност, по населени места, според пописите на население 1948, 1953, 1961, 1971, 1981, 1991, 1994 и 2002 година (согласно територијалната организација од 1996 година). База на податоци МАКСтат . Државен завод за статистика.
ГодинаМакедонциАлбанциТурциРомиВласиСрбиБошњациВкупно1948—————————1.2461953532778———28———1.3381961518842—————3—1.36319715491.154———9—4—1.71619815721.4601——1—6—2.04019914816————...1—48819941681.436———4———1.60820021391.698———2———1.7392021871.044——————441.175
Родови Одри е македонско-албанско село.
Родови во селото се:
Македонски родови: Кузмановци (2 к.), староседелци. Имаат неколку изумрени семејства. Мечкаровци (3 к.), староседелци. Имаат иселеници во Беловиште, Требош и Вратница. Стамен (7 к.), староседелци. Имаат иселеници во Прељубиште. Басарковци (5 к.), староседелци. Имаат иселеници во Тетово (две семејства). Китановци (1 к.), староседелци. Имаат иселеници во Белград (едно семејство), иселени преку Тетово. Илини (5 к.), староседелци. Имаат иселеници во Америка (едно семејство). Колепкаровци (3 к.), староседелци. Имаат иселеници во Белград (две семејства). Трпчевци (4 к.), староседелци. Чанчула (2 к.), староседелци. Милановци (6 к.), староседелци. Имаат иселеници во Требош и во Скопје (едно семејство). Тодоровци (3 к.), староседелци. Имаат иселеници во Требош. Стееќевци (28 к.) доселени се од соседното сега албанско село Првце, овде се населиле на почетокот од XIX век. Го знаат следното родословие: Стојан (жив на 48 г. во 1940-тите) Трпе-Лубе-Симун-Паун, еден од нивните први доселеници, од Паун постои гранка Пауновци. Имаат иселеници во Тетово (едно семејство), Требош и во Гостивар (едно семејство). Огњановци (3 к.) се викаат и Поповци, доселени се од Селце, сега раселено село над Одри. Илијевци (1 к.) доселени се од Битолско. Имаат иселеници во Требош и Фалише. Шегуловци (5 к.) доселени се од неко— село во Гостиварско. Албански родови: Колесњан (33 к.) први муслимански доселеници, доселени се пред околу 230 години од областа Љума во Албанија. Го знаат следното родословие: Бељул (жив на 48 г. во 1940-тите) Јусуф-Ислам-Раман-Рамадан-Зенел, еден од нивните први доселеници. Кикировци (33 к.) по потекло се од фисот Бериш во северна Албанија. Потекнуваат од тројца браќа, го знаат следното родословие: Рамадан (жив на 73 г. во 1940-тите) Кадри-Фариз-Кадри, еден од браќата кој се доселил. Еден предок од овој род се оженил со некоја Ромка, која ја викале Кикировка. Имаат иселеници во Прељубиште. Љума (27 к.) името го добиле по областа во северна Албанија од каде се доселиле. Го знаат следното родословие: Исни (жив на 42 г. во 1940-тите) Беџет-Зилбеар-Садик, еден од нивните први доселеници. Ромски род: Осман (1 к.) рано доселени од Гнилане, дома зборуваат на албански.
Општествени установи Црква „Св. Никола“ Црква „Св. Димитриј“
Самоуправа и политика
Избирачко место
Во селото постојат избирачките места бр. 2015 и 2016 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на основното училиште.
На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 1.739 гласачи.
Културни и природни знаменитости
Редовни настани Полошки Иселенички Средби - се одржуваат секоја година во летните месеци
Личности Проф. Д-р Крсто Китановски (1943-), универзитетски професор на Технолошко-металуршкиот факултет во Скопје Доц. д-р Љуљзим Муртезани (р. 1960) - универзитетски професор на педагошкиот факултет во Скопје Светозар - Светле Стамевски (Стив) - американски стопанственик и активист во Македонската заедница во САД и почесен Македонски Сенатор на СМК Ремзи Несими (1933-2018) — албанолог, јазичар, професор и истражувач; Веселин Илиевски (1907-1943) — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ Душан Крстевски (1910-1943)— македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ
Култура и спорт
Иселеништво
Наводи
Надворешни врски
Категорија:Села во Македонија Категорија:Тетовски села Категорија:Села во Општина Теарце