Голем Папрадник — село во Општина Центар Жупа, во областа Жупа, во околината на градот Дебар.
Селото главно е населено со Македонци муслимани, но поради политичко-религиски причини дел од нив се изјасниле како Турци.
Географија и местоположба
Селото се наоѓа во западниот дел на територијата на Општина Центар Жупа, сместено во областа Дебарска Жупа. Селото е рамничарско, сместено на надморска височина од 700 метри. Од градот Дебар, селото е оддалечено 10 километри.
До селото води локален асфалтен пат, кој се исклучува од регионалниот пат 2249.
Историја
Подрачјето на Голем Папрадник е населено уште од доцноантичкиот период, за што сведочат повеќе наоѓалишта во неговата околина.
Вкупно 9 жители на оваа населба се заведени како жртви во Втората светска војна.
Стопанство
Атарот на селото е мошне мал и зафаќа простор од 3,7 км2, при што преовладува обработливото земјиште со површина од 144,9 хектари, на шумите отпаѓаат 104,2 хектари, а на пасиштата само 9,6 хектари.
Селото, во основа, има полјоделска функција. Во селото има фабрички погон, работат продавници и угостителски објекти.
Население
Според отоманските дефтери од 1520-тите, во 16. села поврзани со Кала-и Коџаџик (сите денешни села на Центар Жупа) немало муслиманско население. Сепак, муслиманското население се зголемило во подоцнежните години. Ова најверојатно било дел од исламизацијата на Македонија под турска власт.367 NUMARALI MUHÂSEBE-İ VİLÂYET-İ RÛM-İLİ DEFTERİ İLE 94 ve 1078 NUMARALI AVLONYA LİVÂSI TAHRÎR DEFTERLERİ (926-1520/937-1530) "Во тахрирот од 1520-1530 година: Dizdār, nefer 1 Kethudā, nefer 1 İmām, nefer 1 Merdān-ı kal‘a, neferan 28 Kurā 16 Mezra‘a 1 Hāne-i müslim 1 Mücerred-i müslim 1 Hāne-i gebrān (Христијанин) 635 Mücerred-i gebrān 67 Bīve 26 Hāsıl 47.035 Според дефтерот Тахрир, Коџаџик и неговите села во 1530 година биле 1-Kocacık kl. 2- Gorenci 3-Pariş 4-Boroşiniçe 5-Çirnibok 6-Yukarı Papranik 7-Aşağı Papranik 8-Koçişte 9-Breştani 10-Novak 11-Aşağı Elişiçe 12-Gorna Elişiçe 13-Osolniçe 14-Porovalenik 15-Vilasik 16-Tırnovnik"
Според податоците од 1873 година во „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“, селото имало 23 домаќинства со 35 жители муслимани (Македонци) и 22 христијани (Македонци).„Македония и Одринско. Статистика на населението от 1873 г.“ Македонски научен институт, София, 1995, стр. 176-177.
Според статистиката на бугарскиот етнограф Васил К’нчов („Македонија, етнографија и статистика“) од 1900 година, селото Голем Папрадник имало 460 жители, сите Македонци муслимани.Кънчов, Васил. Македония. Етнография и статистика, София, 1900, стр. 261.
На етнографската карта на Битолски вилает од 1901 година, изработена од Софиски картографски институт, Голем Папрадник – дел од Дебарски Санџак – е прикажан како село со 126 домаќинства и мешано население составено од Македонци, Македонци муслимани, Албанци и Турци.Етнографска карта на Битолскиот вилает (каталози на населби, забелешки и карта во четири дела). Скопје, Каламус, 2017. ISBN 978-608-4646-23-5. с. 44.
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 450 Македонци.
Голем Папрадник е големо село, етнички мешано, и со пораст на бројот на населението. Така, во 1961 година селото броело 897 жители, од кои 527 биле Турци, 328 Албанци и 41 Македонец, додека во 1994 година биле попишани 962 жители, од кои 736 биле Турци, 203 Македонци и 11 Албанци.
Според пописот од 2002 година, селото Голем Папрадник броело 840 жители, од кои 30 Македонци, 799 Турци, 1 Албанец и 10 останати.
Целосното муслиманското население на селото се Македонци муслимани, но поради политичко-религиски причини се пишале како Турци. Во тој однос, треба да се напомене дека селото е населено исклучиво со Македонци, бидејќи жителите попишани како Турци се всушност Македонци муслимани како и сите останати жители на селото. Доказ за тоа е наглата промена во изјаснувањето на жителите како Македонци и Турци.
Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 443 жители, од кои 22 Македонци, 11 Албанци, 329 Турци, 1 Бошњак, 1 останат и 79 лица без податоци.
Родови
Голем Папрадник е торбешко (македонско-муслиманско село).
Според истражувањата од 1954 година, родови во селото:
Македонски родови: Муслимански родови: Староседелци: Емровци (2 к.), Метовци (2 к.), Грушовци (4 к.), Данчевци (2 к.), Зенговци (5 к.), Палеушовци (3 к.), Лимановци или Селовци (1 к.), нивниот род бил пред изумирање, но го продолжил Село од Новак, кој бил од турско потекло. во овој род се зборува сега македонски, Исовци (3 к.), Чичовци (5 к.), Имеровци (4 к.), Дуровци (3 к.), Деаровци (5 к.), Пирденовци (4 к.), Аџовци (8 к.), Зунчевци (4 к.), Кадријовци (6 к.), Змејовци со Алијовци, Тафовци, Селовци и Ѓоркутовци (21 к.). Доселеници: Гутковци (18 к.), потекнуваат од предок доселен од селото Коџаџик во 1818 година, сега во овој род се говори македонски; Баулевци (7 к.) доселени во 1829 година од селото Коџаџик, и во овој род сега се говори македонски; Маловци (3 к.), доселени се околу 1830 година од некое село во Тиквешкиот регион и Рафмановци (3 к.), доселени се во 1900 година од селото Кочиште.
Иселеништво
До 1954 година од селото има иселеници во Турција (5 семејства) и тоа во Бурса, Бергама, Бадемлија крај Бергама, а некои и во Дебар, потоа во градот Урошевац во Косово и во селото Зелениково.
Општествени установи
мини|300п|десно|Сретселото
Пошта Амбуланта Месна заедница
Самоуправа и политика
Кон крајот на век, Голем Папрадник било село во Дебарската Каза на Отоманското Царство.
Селото влегува во рамките на Општина Центар Жупа, која била една од ретките општини, кои не биле променети со новата територијална поделба на Македонија во 2004 година. Во периодот од 1996-2004 година, селото исто така припаѓало на некогашната Општина Центар Жупа.
Во периодот од 1955 до 1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата општина Дебар.
Во периодот 1952-1955, селото било во рамките на тогашната Општина Баланци, во која влегувале селата Бајрамовци, Баланци, Броштица, Голем Папрадник, Горенци, Житинени, Мал Папрадник и Пареши. Во периодот 1950-1952 година селото исто така било дел од некогашната општина Баланци.
Избирачко место
Во селото постојат избирачките места бр. 0562 и 0562/1 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на месната заедница.
На претседателските избори во 2019 година, на овие избирачки места биле запишани вкупно 1.282 гласачи. На локалните избори во 2021 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 1.315 гласачи.
Културни и природни знаменитости
Археолошки наоѓалишта Вапавска Краста — доцноантичка населба; Вапчица — средновековна некропола; Св. Петка — средновековна црква; и Црквичка — средновековна црква и некропола.
Џамии Џамија — главна селска џамија
Споменици Споменик за загинати борци во НОБ
Реки Папрадничка Река — река низ селото
Галерија
Поврзано Општина Центар Жупа Дебар Дебарска Жупа
Наводи
Забелешки
Надворешни врски
Категорија:Села во Македонија Категорија:Дебарски села Категорија:Села во Општина Центар Жупа