Војница — село во областа Клепа, во Општина Чашка, во околината на градот Велес. Во литературата се среќава и под името Фојница.

Географија и местоположба

мини|300п|лево|Стари куќи во селото

Селото се наоѓа во областа Клепа, во источниот дел на територијата на Општина Чашка, сместено во средното сливно подрачје на реката Бабуна, од левата страна на патот Велес-Чашка. Селото е ридско, на надморска височина од 300 метри. Од градот Велес, селото е оддалечено 17 километри.

Историја Подрачјето на селото е населено уште од римско време, за што сведочат наоѓалиштата Обрамос и Ритчиња во сеерозападниот и североисточниот крај на атарот.

Во век, Војница било село во рамките на Велешката Каза на Отоманското Царство.

При Втората светска војна, во селото била создадена Дванаесеттата македонска бригада.

Стопанство

Атарот е мошне голем и зафаќа простор од 22,7 км2. На него преовладуваат пасиштата на површина од 1.627,3 хектари, на обработливото земјиште отпаѓаат 475,3 хектари, а на шумите само 9,4 хектари.

Селото, во основа, има полјоделско-сточарска функција.

Население

Според податоците на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 година, во селото Војница имало 950 жители.Васил К’нчов. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900, стр. 159. По податоците на секретарот на Бугарската егзархија, Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Војница имало 1.216 жители.D.M.Brancoff. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, р. 118-119.

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралство Југославија во 1931 година, селото имало 550 Македонци.

Во 1961 година селото броело 320 жители, од кои 294 биле Македонци, а 21 Албанец, додека во 1994 година бројот се намалил на 41 жител, македонско население.

Според пописот од 2002 година, во селото Војница имало 32 жители, сите Македонци.

Како и повеќето села во Македонија, така и населението на Војница поради миграционите процеси константно се намалува и се наоѓа пред целосно раселување.

Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 11 жители, од кои 4 Македонци, 1 Албанец, 1 останат и 5 лица без податоци.

Родови

Војница е македонско село.

Според истражувањата од 1966-67 година родови во селото се:

Староседелци: Неделковци (2 к.), Ѓиовци (3 к.), Марковци (2 к.), Јанковци (2 к.), Таневци (2 к.), Малезановци ( 2 к.), Димовци-Попови (2 к.), Ѓајинци (1 к.), Ѓорчевци (1 к.), Цветевци (1 к.), Бисерковци (1 к.), Војничалиеви (1 к.), Ѓоргијовци (1 к.), Горгијовци (1 к.), , Темелковци (1 к.), Јовевци (1 к.), Мирчевци (1 к.), Јаневци (1 к.), Сараѓиновци (3 к.), Петковци (1 к.), Стојановци (5 к.), Манчевци (2 к.), Кузевци (1 к.), Анчевци (1 к.) и Бошковци (1 к.). Од родот Неделковци потекнувал познатиот револуционер и писател, Коле Неделковски. Доселеници: Мартолчани (3 к.) и Мицевци (2 к.) доселени се во 1905 година од селото Мартолци; Стојковци (2 к.) и Ѓурчиновци (1 к.) доселени се од мијачкото село Папрадиште, подалечно потекло од мијачкиот крај; Теовци (1 к.) тие се доселени од селото Мартолци, таму припаѓале на родот Секуловци; Шоповци (2 к.), Драшкачовци (3 к.) и Карбевци (1 к.) доселени се од селото Крива Круша; Дурчевци (2 к.) доселени се од сега раселеното село Витанци; Андовци (1 к.) доселени се од селото Црешнево; Пановци (1 к.) доселени се во 1966 година од селото Скачинци, таму се викале Чаушевци.

Самоуправа и политика

Селото влегува во рамките на Општина Чашка, која била проширена по новата територијална поделба на Македонија во 2004 година. Во периодот од 1996-2004 година, селото се наоѓало во некогашната Општина Чашка.

Во периодот од 1965 до 1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата општина Титов Велес. Селото припаѓало на некогашната општина Чашка во периодот од 1955 до 1965 година.

Во периодот 1952-1955, селото било седиште на тогашната Општина Војница, во која покрај селото Војница, се наоѓале и селата Витанци, Крајница и Ораовец. Општината Војница постоела и во периодот 1950-1952 година.

Избирачко место

Во селото се наоѓа избирачкото место бр. 2237 според Државната изборна комисија, кое е сместено во селска зграда во селото Војница. Во него влегува и населеното место Витанци.

На локалните избори во 2017 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 19 гласачи.

На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 18 гласачи.

Личности Личности родени во Војница:

Георги Петрушев — револуционер, велешки војводаНиколов, Борис Й. Вътрешна македоно-одринска революционна организация. Войводи и ръководители (1893-1934). Биографично-библиографски справочник, София, 2001, стр. 129. Ѓошо Цветев — курир и терорист на ВМОРО. Внук му Тодор загинува како комита на ВМОРО во село Топлица Стојан Јорданов (1887-1922) — деец на ВМРО, загинал во битка против српска војска на 5 август 1922Михайлов, Иван. Спомени II. Освободителна борба 1919 – 1924, Льовен, 1965, стр. 706. Коле Неделковски (1912-1941) — поет и револуционер, учесник во НОБ Нада Бутникошарева (1919-1942) — револуционер, организатор на женското и синдикалното движење во Велес Димче Тошев (1914-1945) — македонски партизан, револуционер, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ Ацка Камева Вилева (1920-) — учесник во НОВ на Македонија Коле Неделковски — истакнат македонски поет и комунист меѓу двете светски војни. Коца Ристева Димовска — учесник во НОВ на Македонија Магда Димовска-Попова — учесник во НОВ на Македонија Паца Иванова Јанкова (1923-) — учесник во НОВ на Македонија Маца Карбева (1919-) — работничка, борка во НОБ и делегатка на Првото заседание на АСНОМ и носител на Партизанска споменица 1941

Починати во Војница Дачо Јотов (?-1911) — револуционер Културни и природни знаменитости мини|300п|десно|Главната селска црква „Св. Атанасиј“, прогласена за културно наследство на Македонија мини|300п|десно|Спомен-куќата на Коле Неделковски

Археолошки наоѓалиштаКоцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069

Обрамос — населба од римско време; и Ритчиња — населба од римско време.

Цркви Црква „Св. Атанасиј“ — главна селска црква; Црква „Св. Атанасиј“ — манастирска црква; и Црква „Св. Илија“ — манастирска црква.

Манастири Војнички манастир — манастир којшто бил обновен на почетокот на XIX век на урнатините на постара црква

Спомен-куќи Спомен-куќа на Коле Неделковски — спомен-куќа на поетот и револуционер Коле Неделковски

Реки Бела Вода — притока на Бабуна

Иселеништво Од селото се има иселено огромен број на жители, во иселувањето учествувале сите родови, а има и целосно иселени родови. Највеќе иселеници од селото има во Скопје, Велес, Прилеп и Битола.

Галерија

Наводи

Надворешни врски

Категорија:Села во Македонија Категорија:Велешки села Категорија:Села во Општина Чашка