Голозинци — село во Општина Чашка, во околината на градот Велес.
Географија и местоположба
Историја Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралство Југославија во 1931 година, селото имало 150 Македонци.
Стопанство
Население
Во 2002 година во селото живееле 43 жители, македонско население.
Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 30 жители, од кои 28 Македонци и 2 Албанци.
Родови
Голозинци е македонско село.
Според истражувањата од 1966 година, родови во селото:
Староседелци: Козаровци (2 к.), Пачариовци (2 к.), Натовци (2 к.), Ѓоревци (2 к.), Опаловци (2 к.), Бошковци (1 к.), Анчевци (1 к.), Тодоровци (1 к.) и Ангелевци (1 к.) Доселеници: Агушовци (2 к.), Анчевци (2 к.), Миленковци (2 к.), Ладевци (1 к.), Крстевци (1 к.), Стојковци (1 к.) и Стојанчевци (1 к.) сите се доселени после Првата светска војна од селото Бистрица; Грнчаровци (1 к.) доселени се од селото Богомила; Капиновци (1 к.) доселени се од селото Капиново; Кочиштани (2 к.) доселени се од селото Кочиште во Железник (демирхисарско); Тодоровци (1 к.) потекнуваат од предок кој дошол како службеник после Првата светска војна од Књажевац во Србија. Тука се оженил и останал во селото.
Општествени установи Црква „Св. Вознесение Христово“ („Св. Спас“)
Самоуправа и политика
Избирачко место
Во селото постои избирачкото место бр. 2232 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на селски дом.
На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 20 гласачи.
Културни и природни знаменитости
Археолошки наоѓалишта Големи Баби — населба од римско време; и Ридот — населба од неолитот.
Редовни настани
Личности Андон Ќосето (1855-1953) — истакнат револуционер и војвода на Македонската револуционерна организација
Култура и спорт
Иселеништво До 1966 година од селото целосно се иселиле староседелските родови, Куралевци, Скакаровци и Стојанчевци. Жителите од наведените родови се наоѓаат во Велес. Таму се наоѓа и најголемиот број од иселеното население од Голозинци.
Наводи
Надворешни врски
Категорија:Села во Македонија Категорија:Велешки села Категорија:Села во Општина Чашка