За другиот ирански јазик со слично име видете татски јазик.

Татискиот е ирански јазик, или група ирански дијалекти, кои се зборуваат во Иран. Јазикот е сроден со талишкиот јазик. Некои јазичари го именуваат јазикот како староазерски или староазарски бидејќи тука се зборувал јазикот пред расширувањето на турските народи низ Азија.

Особености Фонетски гледано, јазикот е сличен со систе останати северозападни ирански јазици. Во јазикот има присуство на гласови *z, *s, *y-, * v-, а во јужните западноирански јазици присутни се гласовите d, h, j-, b-. Потоа, во јазикот се развил гласот < * j, наместо z, и зачувување на интервокално поствокално *r.

Во поглед на морфологијата, татискиот е помалку аналитичен јазик за разлика од останатите јужни западноирански јазици. Во јазикот се изгубиле основите на класите и глаголот, но ги зачувал падежите (јазикот има два падежа, номинатив и објектив). Јазикот е од типот јазици со неутрален род, но се разликува родот во некои глаголи и имиња.

Поврзано

Татски јазик Ирански јазици Индоирански јазици

Наводи

Надворешни врски Ештехардски дијалект Виндфурски Граматика на талишкиот јазик

Категорија:Северозападни ирански јазици Категорија:Јазици во Иран