Џан Марија Висконти (роден на - починал на ) бил вториот војвода на Милано како син на Џан Галеацо Висконти и Катерина Висконти.
Тој застанал на чело на Миланското војводство кога имал тринаесет години, па поради тоа што бил малолетен како регент управувала неговата мајка. Меѓутоа војводството набргу било воведено во граѓанска војна во која како победник излегол кондотиерот Фачино Кане. Џан Марија околу конфликтот ја обвинил својата мајка Катерина која била затворена во Монца каде починала на 17 октомври 1404, веројатно убиена.
Во 1408 година стапил во брак со Антонија Малатеста, ќерка на господарот на Римини, Карло Малатеста. Од бракот не се родиле деца..
Џан Марија бил убиен во заговор во 1412 година пред Миланската катедрала. Го наследил неговиот брат Филипо Марија Висконти.
Наводи
Џан Марија Категорија:Војводи на Милано Категорија:Италијанци од 15 век Категорија:Погребани во Миланската катедрала