Вилкау-Хаслау () — град во округот Цвикау, во сојузната покраина Саксонија, Германија. Се наоѓа на реката Цвикауер Мулде, околу 6 километри јужно од Цвикау.
Географија Местоположба
Градот се наоѓа на падините на Рудните Планини во мала долина, околу 6 километри јужно од градот Цвикау и е поделен од реката Цвикауер Мулде и потокот Ределбах. Лево од Мулде се поранешните села Хара, Нојхара, Кулич и Вилкау, додека десно од реката се Оберхаслау, Нидерхаслау, Зилберштрасе и Розентал, како и Зандберг.
Соседни општини
Соседни општини со кои се граничи се Хиршфелд и Рајнсдорф и градовите Кирхберг, Вилденфелс и Цвикау во округот Цвикау.
мини|upright=4.0|Вилкау-Хаслау
Наводи
Надворешни врски
Официјална страница
Категорија:Цвикау (округ)