Долно Татеши — село во областа Струшко Поле, во Општина Струга, во околината на градот Струга.
Географија и местоположба
мини|300п|лево|Поглед во селото
Селото се наоѓа во средишниот дел на Струшкото Поле, во средишниот дел на Општина Струга, од десната страна на реката Црн Дрим, а под јужната падина на планината Караорман. Селото е ридско, сместено на надморска височина од 795 метри. Од градот Струга селото е оддалечено 11 километри.
Низ селото поминува регионалниот пат 2243, а со локален асфалтен пат е поврзано и со соседното Горно Татеши.
Селото е сместено во јужното подножје на планината Караорман, а негово соседно село на запад е Горно Татеши. Помеѓу нив се наоѓа долина на повремениот поток наречен Сушица. Местоположбата е погодна од стопански причини. Во минатото, водата за пиење се добивала од бунари. Во самото село и на неговиот атар нема извори.
Месностите во атарот ги носат следниве имиња: Сушица, Прој Сапот, Уле Маде, Кодра Маде, Шулони Мад, Арате Бегут и други.
Селото има збиен тип. Сепак, тоа е поделено на маала кои се наречени по родовите.
Историја
Постои предание дека селото е старо и дека најпрвин било населено со словенско-христијанско население. Тие мештани во првата половина на век работеле на чифликсахабијска земја, која била во посед на Емин-бег.
Меѓутоа, околу 1830 година во селото се доселило едно албанско домаќинство со старешина Азиз. Тој имал неколку синови од кои потекнуваат денешните родови (вкупно осум). Тие Албанци како што се пренесува ја купиле земјата од Емин-бег, поради што селските христијани морале да се иселат. Денес не се знае или не се кажува како се викале и каде заминале.
Долно и Горно Татеши се албанско муслимански села со население со потекло од селото Слатино во Голо Брдо. Од Слатино се иселиле тројца браќа, Азиз, Диша и Али. Првиот дошол во Долно Татеши, додека другите двајца во Горно Татеши.
Кога браќата се доселиле, селата биле чифлици на дебарските бегови: Емин-бег имал чифлиг во Долно Татеши, а Јусуф-бег во Горно Татеши. Беговите биле браќа и потекнувале од родот Аголи. Подоцна, доселените Албанци ја купиле земјата на чифлиците од беговите за симболична цена.
Низ атарот на селото поминува потокот Сушица (или Вром), за кој мештаните велат дека е најштетен водотек во Македонија. Скоро секоја година во минатото неговата вода го поплавувала обработливото земјиште.
Селската џамија била обновена во 1973 година.
Стопанство
Атарот на селото е мал и зафаќа простор од 5,3 км2. На него преовладува обработливото земјиште на површина од 221,8 хектари, на шумите отпаѓаат 208,9 хектари, а на пасиштата 49,1 хектар.
Селото, во основа, има полјоделска функција.
Од селото голем дел од населението е на привремена работа во странство, додека останатите се занимаваат со земјоделство.
Население
Во „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 година, селото имало 160 муслимани.„Македония и Одринско. Статистика на населението от 1873 г.“ Македонски научен институт, София, 1995. стр. 104-105.
Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Татеши (Горно и Долно) живееле 750 жители, од кои 450 Албанци и 300 Македонци.Кънчов, Васил. „Македония. Етнография и статистика“. София, 1900, стр. 254.
На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 година, Татеши (Горно и Долно) се води како чисто албанско село во Охридската Каза на Битолскиот Санџак со 48 куќи.
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 300 Албанци.
Селото е средно по големина, во коешто живее албанско население. Во 1961 година, селото броело 367 жители, додека во 1994 година бројот се зголемил на 590 жители, од кои 585 биле Албанци.
Пописот од 1991 година не бил целосно одржан во селото Долно Татеши, бидејќи дел од неговото население одбило да учествува, односно го бојкотирало неговото одржување, поради што за таа пописна година, за селото нема целосни податоци.
Според пописот од 2002 година, селото броело 699 жители, од кои 697 Албанци и 2 останати.
Според последниот попис од 2021 година, во селото живеел 351 жител, од кои 1 Македонец, 349 Албанци и 1 лице без податоци.
Родови
Долно Татеши е албанско село.
Според истражувањата на Јован Трифуноски од 1977 година, родови во селото: Рамани, Дика, Беќири, Азизи, Ферати, Суља, Ризвани и Алими. Сите родови заедно имаат 58 куќи. Намножени се од ист предок Азиз кој се доселил од селото Слатино, Голо Брдо (Албанија). Тврдат дека се вистински Албанци, а не Торбеши; Тоски (3 к.,) доселени се од соседното планинско село Тоска, таму се доселени од селото Велчани во Јужна Албанија.
Иселеништво
По Втората светска војна, 10 домаќинства се иселиле во градовите Охрид и Струга.
Општествени установи
мини|300п|десно|Поглед на основното училиште
Подрачното основно училиште „Орхан Џемаили“, петгодишно основно училиште во состав на ОУ „Орхан Џемаили“ - Горно Татеши
Самоуправа и политика
На крајот од XIX век, Долно Татеши било село во Охридската Каза на Отоманското Царство.
Селото влегува во рамките на Општина Струга, која била проширена по новата територијална поделба на Македонија во 2004 година. Во периодот од 1996-2004 година, селото се наоѓало во некогашната Општина Велешта.
Во периодот од 1957 до 1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата општина Струга. Во периодот од 1955 до 1957 година, селото припаѓало на некогашната општина Велешта.
Во периодот 1952-1955, селото било дел од тогашната Општина Велешта, во која покрај селото Долно Татеши, се наоѓале и селата Велешта, Враништа, Горно Татеши, Добовјани, Долна Белица, Ташморуништа и Тоска. Во периодот 1950-1952 година, селото Долно Татеши било дел од некогашната општина Делогожди, во која влегувале селата Богојци, Горно Татеши, Делогожди, Корошишта, Тоска и Џепин.
Избирачко место
Во селото постои избирачкото место бр. 1920 според Државната изборна комисија, сместено во просториите на основното училиште.
Културни и природни знаменитости
Археолошки наоѓалишта Црква — средновековна црква.
Џамии Џамија — главна селска џамија.
Реки Вром (или Сушица) — мала река низ селото
Поврзано Општина Струга Струшко Поле
Наводи
Забелешки
Надворешни врски
Категорија:Села во Македонија Категорија:Струшки села Категорија:Села во Општина Струга