Калишта (познато и како Калиште, а локално и како Калишча) — село во областа Дримкол, во Општина Струга, во околината на градот Струга, сместено на северозападниот брег на Охридското Езеро.
Во рамките на селото влегува и туристичката викенд-населба Елен Камен.
Потекло на името
мини|300п|лево|Брегот на Охридското Езеро кај населбата Елен Камен
За потеклото и значење на името на селото Калишта постојат две претпоставки, од кои едната е предание на неговите жители, а втората се заснова на одликите на местоположбата. Името на селото потекнува од македонскиот јазик и на месниот струшки говор се нарекува и Калишча, а речиси во истата форма (со наставката -и, односно Калишти) се нарекува и од албанското население. Меѓу мештаните постои легенда според која се верува дека поради природните убавини на езерото и селото, некогаш овде повремено престојувала некоја кралица со име Калина, поради што селаните велат дека селото го добило името според неа. Според верувањето нејзината куќа, наречена „кула“ се наоѓала крај средновековниот манастир.
Инаку, името Калишта е со значење на калливо место, место каде што земјата е каллива односно има или се прави кал, што наполно соодветствува со рамничарската местоположба веднаш на брегот на Охридското Езеро кој во овој дел е песоклив и каллив, обраснат со трски, лотоси и други водни растенија.
Во Македонија постои уште едно село со име Калиште во подножјето на Шар Планина во Гостиварско.
Географија и местоположба
мини|300п|десно|Поглед на селото Калишта и Охридското Езеро мини|300п|десно|Воздушен поглед на населбата Елен Камен
Селото се наоѓа во областа Дримкол, во јужниот дел на територијата на Општина Струга, недалеку јужно од градот Струга, на оддалеченост од околу четири километри. Самото село Калишта и неговиот атар се допираат и протегаат од северозападниот брег на Охридското Езеро, на исток преку рамнината на Струшкото Поле кон подножјето на планината Јабланица на запад. Селото е рамничарско, на надморска височина од 696 метри.
Низ селото поминува регионалниот пат 1208, кој се движи покрај крајбрежјето од Струга кон неколку хотели и кампови, туристичката викенд-населба „Елен Камен“ и селото Радожда, а недалеку веднаш над самото село минува меѓународниот пат А2 кон граничниот премин Ќафасан на македонско-албанската граница.
Куќите на селото се наоѓаат во плодната рамнина која се протега кон север и запад, а која е оградена од високиот карпест гребен (Елен Камен) на југ и Охридското Езеро на исток. Соседни и околни села се Франгово и Радолишта на запад, Радожда на југ и градот Струга на север односно североисток. Во минатото, мештаните водата за пиење ја добивале од извори и од бунари.
Месностите во нискиот дел на селото ги носат следниве имиња: Блато, Љумче, Загонче, Бузелица, Бунар, Варса и Фјериште. Месностите во високиот дел на селото ги носат следниве имиња: Манастир Св. Богородица, Краста, Гумниште или Љама, Леског, Чакалица, Чумулица, Гештенка, Вари Рамаданит (Гроб на Рамадан), Гури Зи, Чешма Костас, Гури Древит (Елен Камен) и Плоча.
Селото Калишта е од збиен тип и се дели на помали „маала“ според родовите кои живеат во него: Танасковци, Мустафовци, Шерифовци, Шабановци.
Историја
мини|300п|десно|Стара куќа во селото
На јужната страна, веднаш на самиот крај на селото се наоѓа познатиот средновековен Калишки манастир посветен на „Успението на Пресвета Богородица“, сместен во пештера над езерото, за кој се знае дека потекнува од XV век. Во денешно време покрај оваа стара пештерска црква постојат и две нови цркви со манастирски конаци подигнати крај самото езеро, веднаш до хотелот „Бисер“. За овој манастир секогаш се грижеле вредни калуѓерки. На карпестиот гребен кој се издигнува веднаш јужно од селото Калишта и се протега сѐ до селото Радожда постојат повеќе вакви стари средновековни пештерски цркви од XIV-XV век со доста вреден и интересен живопис.
Поволната местоположба укажува дека на просторот на селото Калишта има население од многу одамна. Во пишаните историски извори Калишта спаѓа во старите села во струшкиот крај и народното предание наведува дека тоа најпрвин било македонско христијанско село. Такво било сѐ до 1837-1838 година, до владеењето и нападите од бандите на Али-паша Јанински (овде познат како Али-паша Тепелини). За време на неговото владеење селото Калишта имало само 16 куќи, меѓутоа тогаш настанале големи „зулуми“ односно насилства, напади и грабежи со „потурчување“, поради што селските домаќинства освен две, некаде се иселиле. За Али-паша овде се пеела и народна песна.
Околу средината на XIX век и подоцна во Калишта се населени и други родови - турски и албански, поради што жителите на селото до 1912 година и помеѓу двете светски војни говореле на три јазици: македонски, албански и турски. Меѓутоа, од албанската окупација од 1941 година, турскиот јазик почнал да исчезнува и жителите кои претходно говореле турски јазик сега говорат албански.
Покрај манастирот, во селото била подигната и селска црква „Св. Никола“, каде се наоѓаат и селските гробишта. Во средишниот дел на селото постои и џамија.
Стопанство
мини|300п|десно|Воздушен поглед на хотелите „Бисер“ и „Изгрев“ околу Калишкиот манастир
Атарот е мал и зафаќа простор од 3,7 км2, на кој обработливото земјиште зафаќа површина од 180 хектари, шумите зафаќаат 108 хектари, а на пасиштата отпаѓаат само 52 хектари.
Селото, во основа, има полјоделска функција, а дел од домаќинствата се занимаваат и со риболов. Во селото има услужни објекти.
Сепак врз основа условите кои ги нуди природата и местоположбата жителите на Калишта се занимаваат со бројни второстепени и третостепени услужни стопански дејности, пред сѐ туризам и угостителство, кои се во голем подем поради што и самото село претставува своевидно туристичко средиште. Од земјоделството најзастапени гранки се поледелското одгледување на жита, пред сѐ и најмногу пченица и особено пченка, како и градинарските култури како одгледување на зелени и црвени пиперки, патлиџани (домати), лук, кромид, марула и тикви. Од сточарството во помали размери е застапено одгледувањето на крупни говеда како крави и волови, а доста е застапено и живинарството односно одгледувањето на кокошки, гуски и шатки. Секоја куќа покрај насадите со градинарските култури во своите дворови има и доста овошни дрвја пред сѐ: јаболка, сливи, цреши и круши.
Со земјоделство и сточарство во Калишта главно се занимаваат жителите Албанци, додека риболовот е старо занимање на жителите Македонци, кои во услови на негово опаѓање во поново време со можностите за приватно претприемништво повеќе се преориентираат кон туризмот и угостителството.
Во селото работи и столар „Краста“ со сопствен погон и стовариште и повеќе продавници. На карпестиот гребен и возвишение јужно и југозападно од селото има и помали ископи на песок и камен за градежништво. Поради непосредната близина и добрата поврзаност со градот Струга некои жители се вработени или остваруваат занаетчиски и услужни дејности таму, а поради непосредната близина на албанската граница во поново време некои жители се занимаваат и со трговија.
Туризам и угостителство
Поради изворедната местоположба со многубројни природни убавини крај брегот на Охридското Езеро во селото Калишта повеќе од половина век е доста равиен туризмот и самото село е прераснато во значајно туристичко средиште.
Веднаш на самиот јужен крај на селото се наоѓа познатиот хотел „Бисер“, кој е еден од најголемите хотели на Охридското Езеро. Веднаш непосредно до овој хотел се наоѓа и познатиот средновековен манастир посветен на Пресвета Богородица, после кој веднаш се наоѓа неодамна обновениот хотел „Изгрев“ кој поседува современа плажа и воден парк (топогани, скокалници итн.).
Од големите хотелски комплекси и одморалишта, веднаш над самото село Калишта на околу еден километар оддалеченост на патот кон Радожда се наоѓаат и хотелите „Макпетрол“ и „Скопје“. Непосредно до селото на карпестиот возвишен гребен, опкружена во борова зимзелена шума се наоѓа туристичката населба „Елен Камен“ со многубројни викенд-куќи и модерни вили.
Туризмот е во подем и во самото село Калишта, посебно кај жителите Македонци кои поради напуштање и намалување на обемот на вековно старото занимање со риболов, од неодамна имаат отворено неколку нови хотели и ресторани. Скоро отворени туристичко-угостителски објекти кои работат во самото село Калишта се: хотелот и рибен ресторан „Езерски Бран“, хотелот „Разме“, ресторанот „Лиќени“, авто-кампот „Рино“ и други.
Население
Според податоците од 1873 година, селото имало 34 домаќинства и 90 жители мажи, од кои 70 муслимани и 20 христијани.„Македония и Одринско. Статистика на населението от 1873 г.“ Македонски научен институт, София, 1995. стр. 104-105.
Според податоците на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 година, во селото Калишта имало 220 жители Албанци муслимани и 8 Македонци христијани.Васил К’нчов. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900, стр. 254.
На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 г. Калишта е претставено како чисто албанско село во Охридската Каза на Битолскиот Санџак со 39 куќи.
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 350 Албанци.
Калишта е големо село, коешто во 1961 година броело 667 жители од кои 596 биле Албанци, а 67 жители Македонци. Во 1994 година, селото броело 992 жители, од кои 901 биле Албанец, 89 Македонци и двајца жители Срби.
Пописот од 1991 година не бил целосно одржан во селото Калишта, бидејќи дел од неговото население одбило да учествува, односно го бојкотирало неговото одржување, поради што за таа пописна година, за селото нема целосни податоци.
Според пописот од 2002 година, во селото Калишта живееле 1.178 жители, од кои 95 Македонци, 1.079 Албанци, 1 Влав, 1 Србин и 2 останати.
Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 764 жители, од кои 115 Македонци, 623 Албанци, 2 Власи, 1 Србин и 23 лица без податоци.
Низ годините ова било вкупното население и етничка припадност на населението во Калишта:
Година Македонци Албанци Турци Власи Срби Вкупно 1948 — — — — — — — 477 1953 56 510 0 1 1 0 — 568 1961 67 596 0 — 2 2 — 667 1971 75 706 0 — 2 2 — 785 1981 75 896 0 0 1 2 — 974 1991 84 28 1 0 2 2 — 117 1994 89 901 0 0 2 0 — 992 2002 95 1.079 0 1 1 2 — 1.178 2021 115 623 0 2 1 0 23 764
* Извор: Државен завод за статистика на Република Македонија (1948-2021), според податоци од официјалните пописи во соодветните години Родови
мини|300п|десно|Жени од селото Калишта во 1909 година
Во Калишта живеат Македонци од православна вероисповед и Албанци со исламска вероисповед.
Според истражувањата на Јован Трифуноски од 1979 година, родови во селото се: Македонски родови: Танасковци (10 к.), староседелци, чија слава е Свети Никола и се остаток од некогашното бројно македонско христијанско население во селото. Го знаат следното родословие:: Васо (жив, 79 години во 1979 г.)-Павле-Коста-Танас-Кочо. Родовското презиме го добиле по кочовиот син Танас, а за предокот Коста се вели дека бил многу познат риболовец кој еднаш продал дел од обработената земја за да може да го плати износот на годишниот закуп за риболов во езерото.