Кисела Јабука — село и приградска населба во Општина Ѓорче Петров во Скопје. Поради немање на соодветна инфраструктура, населбата во минатото се сметала за дел на селото Волково, но во 2014 година, официјално била прогласена за село. Кисела Јабука на исток, запад и север се граничи со Волково, а на југ со Ново Село. Населбата во општината Ѓорче Петров е претставена преку МЗ Кисела Јабука.

Население

Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 1.317 жители, од кои 1.265 Македонци, 3 Власи, 28 Срби, 3 останати и 18 лица без податоци. Наводи

Надворешни врски