Владимир Каваев (Струга, 1880Стојан Ковачески, Марјан Димитријевски „Д-р Владимир и Д-р Елена Каваеви“, Центар за култура „Браќа Миладиновци“ – Струга, Струга, 2010, 41 стр. - Загреб, 11 јули 1931) — македонски лекар, учесник во Октомвриската револуција и градоначалник на Струга од 1923 до 1927 година.
Каваев потекнувал од сиромашна струшка фамилија. По завршувањето на основното четиригодишно училиште, заминал да се школува во Охрид, каде морал истовремено и да работи. Во 1893 година го продолжил школувањето во гимназијата во Битола, каде исто така учел и работел. Добил стипендија од Бугарската егзархија за да се школува на духовната богословија во Цариград. Откако ја завршил богословијата во Цариград, како одличен ученик го испратиле во Света Гора. Меѓутоа, таму не му се допаднал монашкиот живот, па по неколку месеци се вратил во Цариград. Импресиониран од делата на Максим Горки, во цариградските списанија објавува една статија посветена на него и превод на неговата „Песна за буревесникот“. Поради тоа е уапсен од полицијата и лежи во затвор шест месеци.Ковачески, Димитријевски, цит. дело, 45-46 стр.
Поради својата револуционерна дејност, Каваев е принуден да го напушти Цариград и оди во Бејрут, каде што две години се школувал во Американскиот медицински колеџ. По Бејрут, во 1909 година заминал во Петроград, каде што завршил Воено-медицинска академија. Истовремено се школувал и на Институтот за историја на народите на Блискиот Исток. По завршувањето на студиите на Институтот за Блискиот Исток, во 1916 година излегува од печат неговиот „Англо-арапски, персиско-турски речник“.
Од почетокот на Првата светска војна работи во воена болница во Петроград, каде што се запознава со Елена Етингер, со која се жени на 14 февруари 1918 година.Ковачески, Димитријевски, цит. дело, 50 стр.
За време на Руската револуција Каваев е претседател на Балканската група на емигранти револуционери, која е блиска на болшевиците. Зема учество во уличните борби во Петроград за време на Октомвриската револуција.
Во јуни 1920 заминува од Русија и оди во Берлин, каде што специјализирал хирургија.„Македонска енциклопедија“, МАНУ, Скопје, 2009, 656 стр. Краток период Каваеви живеат во Полска, а во 1923 година се преселуваат во Струга. На изборите во ноември 1923 година Каваев е избран за градоначалник на Општина Струга и на таа функција останал до 1927 година. Во 1931 година, тој отишол да биде опериран во Загреб, но на 11 јули истата година починал.
Наводи
Надворешни врски „Стружанец главен лекар во Октомвриската револуција“ , „Глобус“
Категорија:Македонски лекари Категорија:Југословенски лекари Категорија:Октомвриска револуција Категорија:Луѓе од Струга Категорија:Градоначалници на Општина Струга