мини|Мараја Кери - убава Дива е позната женска пејачка. Овој термин се употребува за да се опише жена која има извонреден талент во операта, како и во театарот, филмот и забавната музика. Значењето на зборот дива се поврзува со значењето на зборот прима дона.

Потекло на зборот Во англискиот јазик, зборот навлегол во 19-от век. Потекнува од италијанската именка diva што значи „женско божество“. Множината од зборот гласи „диви“ а на италијански dive. Основното значење на зборот е божицаСписанието ТАЈМ во еден од своите изданија од 21 октомври 2002 изјавил: „Според дефиницијата, зборот дива бил оригинално користен за талентирани женски опера пејачи, речиси секогаш сопрано.“ женски род од латинскиот збор divus (италијански јазик divo), некогаш дефинирано спорд смртта, или латинскиот deus, Бог.Варек, Џон и Вест Еван (1992), The Oxford Dictionary of Opera Зборот е сроден со Хинду терминот Ѓавол кој значи божица (машки род Дева што значи Бог) што потекнува од санскритскиот јазик, еден од најраните Индоевропски јазици; зборот исто така е сроден со авестискиот јазик, негирајќи го зороастрискиот концепт на Daevas и литванскиот зборе deivė, што значи женско божество.

Машката форма divo постои во италијанскиот јазик и се употребува за тенори, како Енрико Карусо и Бенјамино Гигли. Италијанскиот термин divismo опишува ѕвезден систем во филмската индустрија. Во модерниот италијански, diva и divo едноставно ги опишуваат посакуваните познати личности, осовено филмските глумици и глумци и може да биде преведено како „(филмска) ѕвезда“. Екстравагантниот восхит на дивите е заеднички елемент на камп културата.

Употреба во популарната култура Терминот Дива бил инспирација за создавање голем број песни, дела како и филмови.

Поврзано Дива (албум на Јелена Карлеуша) Училишна дива

Наводи

Надворешни врски

Категорија:Оперска терминологија Категорија:Италијански Italian заемки Категорија:Нарцизам