Амамбај е департман во Парагвај, поточно во регионот Источен Парагвај. Главен град на департманот е Педро Хуан Кабалјеро.Името на департманот потекнува од името на еден вид папарат кој расте во регионот.
Окрузи
Департманот е поделен на 4 окрузи:
окрузи население (2002)Бела Виста9.611Капитан Бадо17.117Педро Хуан Кабалјеро88.189 Занха Питан.п.
Географија
Департманот се наоѓа во регионот Источен Парагвај. На север департманот се граничи со Бразил, на југ со департманот Каниндеју, на исток со Бразил и на запад со департманите Консепсион и Сан Педро. Просечната температура во департманот е 21 степен. Во лето температурата достигнува 35 степени, а во зима паѓа до -1 степен.
Наводи
Geografía Ilustrada del Paraguay, Distribuidora Arami SRL; 2007. ISBN 978-99925-68-04-0 Geografía del Paraguay, Primera Edición 1999, Editorial Hispana Paraguay SRL
Поврзано Парагвај Департмани во Парагвај
Надворешни врски
SENATUR Амамбај
Категорија:Департмани во Парагвај Категорија:Држави и територии настанати во 1945 година