Фулда (герм. Fulda) — река во покраината Хесен, Германија и една од двете реки што се спојуваат, сочинувајќи ја поголемата река Везер (другата е Вера). Реката Фулда е долга 218 км.

Реката извира кај Васеркрупе во масивот Рен. Оттука тече на североисток, опкружена со планините од венецот Книл на запад и шумата Зојлингсвалд. Кај Бебра врти кон северозапад.

Откако ќе ѝ се придружи притоката Едра, Фулда тече северно право до Касел, па врти на североисток, каде на исток е шумата Кауфунген, а на северозапад е почетокот на шумата Рајнхардсвалд. На северниот крај кај Хановерски Минден, Фулда се спојува со реката Вера и го образува Везер.

Населени места Населени места долж течението на Фулда:

Герсфелд Фулда Бад Херсфелд Бебра Ротенбург Мелзунген Касел

Поврзано Фулда (град)

Надворешни врски

Лет кај фулда (видеоклип, 10 МБ, 1:20 мин)

Категорија:Реки во Хесен Категорија:Реки во Долна Саксонија Категорија:Северен Хесен