Масен проток — количинската проодност на водата, вклучувајќи ги цврстите материи (на пр. наноси), растворените хемиски супстанции (на пр. CaCO3(aq)) и/или биолошкиот материјал (i.e. дијатоми), што се движи низ даден простор претставен како напречен пресек.Buchanan, T.J. and Somers, W.P., 1969, Discharge Measurements at Gaging Stations: U.S. Geological Survey Techniques of Water-Resources Investigations, Кн. 3, Гл. A8, стр. 1 Постојат и други поими за ваквиот масен протк, но зависат од дисциплината. Кај природните речни системи се говори за водотек, но кај вештачките акумулации ова може да се нарече одлив (наспроти прилив). Масениот проток е во мошне тесна врска со полноводноста на реката.
Најзастапена мерна единица за изразување на проточноста е м3/с (кубни метри во секунда). Во некои други земји се користат кубната стапка во секунда (ft³/s или cfs), а во САД и акр-стапката во секунда.Dunne, T., and Leopold, L.B., 1978, Water in Environmental Planning: San Francisco, Calif., W.H. Freeman, 257-258 стр. На пример, просечната проточност на реката Рајна во Европа изнесува 2.200 м3 дневно.
Утврдувањето на проточноста на една река најчесто се врши по пат на упростена непрекината равенка. Равенката подразбира дека за секоја ненабивна течност како водата, масениот проток (Q) е еднаков на производот на напречната плоштина на водотекот (A) и неговата средна брзина (). Се претставува вака:
при што е протокот ([L3T−1]; м3/с) напречната плоштина на делот од каналот што го зазема проточноста ([L2]; м2) е просечната истечна брзина ([LT−1]; м/с)
Пример На табелата е претставен средниот повеќегодишен проток на неколку реки во Македонија, на разни мерни станици, за периодот од 1961 до 1990 г.
РекаМерна станицаПроток (Q) (м3/с)ВардарРадуша25,23Скопје63,00Велес79,27Демир Капија134,50Гевгелија144,90ТрескаМакедонски Брод11,41Здуње19,06Св. Богородица24,20ПчињаПелинце4,85Трновец4,16Катлановска Бања12,56БрегалницаБерово1,03Очипала5,02Штип12,21ЦрнаДоленци2,58Скочивир21,61Расимбегов Мост23,44Возарци29,03
Поврзано Кубен метар во секунда Зафатнинска проточност Водостој Список на реки по полноводност
Наводи
Надворешни врски Сооднос на проточноста кај етапите, Гл. 14 — USDA Хидротехнички прирачник — USDA
Категорија:Хидрологија Категорија:Реки Категорија:Временски стапки Проток Категорија:Механички величини