Сашо Мијалков (, ) — македонски политичар и поранешен директор на Управата за безбедност и контраразузнавање на Македонија.

Кариера Мијалков дипломирал на Универзитетот Свети Кирил и Методиј на Економскиот факултет во 1998 година. Магистрирал во областа бизнис администрација. Дипломирал и магистрирал и на Економскиот факултет во Прага во 1994 година.

Во 1990 година, тој станал член на ВМРО-ДПМНЕ.

Во периодот од 1998 до 2000 година, работел во Министерството за одбрана на местото помошник-министер за одбрана и безбедносно разузнување.

Во периодот 2000 до 2001 година, бил советник за безбедносни прашања во Владата на Република Македонија. Од 29 август 2006 година е назначен за директор на Управата за безбедност и контраразузнавање на таа функција бил до 12 мај 2015 кога си поднел оставка.Директорот на УБК Сашо Мијалков поднесе оставка, А1он, 12 мај 2015.

На 8 март 2019 година бил осуден на три години затвор, врз основа на предметот „Титаник 2“ на СЈО.

На 14 мај 2024 година е ослободен на условна слобода.Излегува од затвор

Сашо Мијалков е син на Јордан Мијалков, првиот министер за внатрешни работи на Македонија.

Наводи

Надворешни врски Министерство за внатрешни работи - Директор на Управата за безбедност и контраразузнавање

Категорија:Живи луѓе Категорија:Политичари од Скопје Категорија:Директори на Управата за безбедност и контраразузнавање на Македонија Категорија:Политичари од ВМРО-ДПМНЕ Категорија:Апсолвенти на Економскиот факултет - Скопје Категорија:Луѓе со потекло од Штип Категорија:Луѓе со потекло од Ново Село (штипска населба) Категорија:Македонски затвореници и притвореници Категорија:Затвореници во Македонија