Мајнц () — главен град на покраината Рајнска област-Пфалц во Германија. Бил главен град на изборното кнежевство Мајнц во времето на Светото Римско Царство. Во античко време, Мајнц бил римска тврдина, која го набљудувала западниот брег на Рајна и била дел од најсеверната граница на Римското Царство; бил основан како римски воен логор кон крајот на I век п.н.е. Градот се наоѓа на реката Рајна, наспроти градот Висбаден, во западниот дел на метрополитенската област Франкфурт Рајна-Мајна; во денешно време, Франкфурт претставува регионален центар на областа.
Градот е познат како дом на пронајдокот за печатење со подвижни букви, како и на првите печатени книги со помош на пронајдокот произведен во Мајнц од Гутенберг во почетокот на 1450-тите.
Географија
Мајнц се наоѓа на западниот брег на реката Рајна, спроти вливот на реката Мајна во Рајна. Населението според најновите податоци изнесува нешто над 200.000 жители, Градот е дел од метрополитенската област Рајна-Мајна, која сочинува близу шест милиони луѓе. До Мајнц може лесно да се стигне преку меѓународниот аеродром во Франкфурт, 25 минути со железница.
По последното ледено доба, песочни дини може да се најдат во долината на Рајна, односно во западниот дел на градот. Сега, областа со песочни дини во Мајнц е природен резерват со уникатен пејзаж и ретка степска вегетација во областа.
Клима
Мајнц се одликува со океанска клима.
Историја Римското Царство
thumb|десно|Остатоци на порта од римскиот град од крајот на 4 век.
Римското упориште или castrum Mogontiacum, претходникот на Мајнц, било основано од римскиот генерал Клаудиј Постариот, веројатно околу 13 година п.н.е.. Според Транквил, римски историчар, постоењето на Mogontiacum е потврдено четири години подоцна (според смртта и погребот на Клаудиј Постариот), иако некои други теории тврдат дека местото било основано порано. Иако градот се наоѓа спроти вливот на реката Мајна, името на Мајнц не доаѓа од Мајна, сличноста е веројатно поради дијахрона споредба. Мајна е од латинскиот Menus, име од Римјаните користено за реката. Лингивистичките анализи на многуте форми од кои дошло името „Мајнц“ покажале дека е поедноставено име за Mogontiacum. Името води келтско потекло. Меѓутоа, градот станал римски и бил избран од нив со особено значење. Римските војници бранејќи ја Галија го прифатиле галскиот бог Могон, кој нуди две етимолошки објаснувања: „големиот“, слично на латинскиот magnus, кое се користело за возвишување на имињата како Alexander magnus, „Александар Велики“ и Pompeius magnus, „Помпеј Велики“, или бог олицетворен во млади луѓе од секој вид, било благородници или бедници.
thumb|left|upright|Споменик на основачот на градот или Drususstein (опкружен од тврдина од 17 век) подигнат од неговите слуги во негова чест. thumb|Остатоци од римскиот аквадукт
Mogontiacum бил важен рударски град во текот на Римското Царство, веројатно поради стратешката местоположба на вливот на Мајна и Рајна. Градот Mogontiacum се развивал помеѓу тврдината и реката. Castrum бил седиште на Четиринаесеттата и Шеснаесеттата легија (9–43 н.е.), Дваесет и втората легија, Четвртата македонска легија (43–70), Првата легија (70–88), Дваесет и првата легија (70–89) и Четиринаесеттата легија (70–92). Исто така, Мајнц бил база на речната флота на Римјаните. Остатоци на трупови на римски бродови (navis lusoria) и патролни бродови од крајот на 4 век биле откриени во периодот 1982-86 и сега можат да се погледнат во Музејот за антички бродови (Museum für Antike Schifffahrt). Градот бил главен град на провинцијата Германија Супериор и имал важен погребен споменик посветен на основачот на градот, каде луѓето правеле поклонение и годишни фестивали дури од Лион. Помеѓу познатите градби биле најголемиот римски театар северно од Алпите и мостот преку Рајна.
Силите на Алеманите под водство на Рандо го опколиле градот во 368. На последниот ден на 405Michael Kulikowski, "Barbarians in Gaul, Usurpers in Britain" Britannia 31 (2000:325-345). или 406, Вандалите, Свевите, Аланите и другите германски племиња се верува дека ја поминале Рајна кај Мајнц. Христијанските хроники го поврзуваат овој настан со убивањето на епископот Авреј од страна на Алеманите. Патот бил отворен со опсадата на Трир и инвазијата на Галите.
Низ годините, римското упориште никогаш не било засекогаш напуштено како воен објект, што е доказ за планирањето на Римјаните. Различни градби биле изградени во различни времиња. Моменталната тврдина потекнува од 1660, како замена за претходните тврдини. Била користена во Втората светска војна. Една од знаменитостите на тврдината е споменикот подигнат од легионерите во чест на нивниот водач.
Мајнц и Франките
По неколкуте упади во текот на 4 век, Алзас постепено го изгубил неговиот белгиски етнички карактер и потпаднал под влијание на Алеманите. Римјаните постојано ја враќале контролата; меѓутоа, трупите сместени во Мајнц станале главно неиталијански и императорите имале само еден или двајца италијански наследници, кои управувале луѓето на северната граница.
Последниот император кој сместил трупи во име на Западното царство во Мајнц бил Валентинијан III, кој силно се потпирал на неговиот Magister militum per Gallias, Флавиј Аециј. Во тоа време армијата вклучувала голем број на трупи од германските сојузи долж Рајна, Алемани, Саксонци и Франки. Франките биле соперник кој добивал на сила и углед во областа и постојано се обидувале да го прошират своето влијание. Во 358 царот Јулијан купил мир давајќи им го поголемиот дел од Германија Инфериор, кои тие и го поседувале и дозволувајќи им учество во римската армија.
Европските фракции во тоа време ги вклучувале Келтите, Готите, Франките, Саксонците, Алеманите, Хуните, Италијанските и Аланите, како и бројни други помали народи. Аециј играл со сите нив на начин едни против други со цел да одржи мир под римски суверенитет. Ги користел хунските трупи повеќепати. Последниот ден на пресметка на Аециј и Атила, обајцата полиглоти на мултиетнички трупи. Атила заминал низ Алзас во 451, уништувајќи ја земјата, како и Мајнц и Трир со нивните римски гарнизони. Кратко потоа бил спречен од Аециј во Битката кај Шалон, најголемата во античкиот свет.
Аециј не уживал долго во победата. Бил убиен во 454 од раката на негов вработен, кој пак бил избоден до смрт од пријателите на Аециј во 455. Сето ова било дел од крајот на Римското Царство на северот. По неколку крвави но кратки борби помеѓу подредените на Аециј, Рицимер станал император, земајќи го името Патрициј. Неговиот татко бил Свев; неговиот мајка, принцеза на Визиготите. Патрициј не владеел со Северот директно, туку воспоставил провинција, која функционирала независно. Главниот град бил во Соасон. Сепак, нејзиниот статус бил двосмилен. Многу тврдат дека тоа било Кралството Соасон.
Претходно првиот од Меровинзите, Хлодион, бил поразен од Аециј во околу 430. Неговиот син, Меровех, се борел на римска страна против Атила и неговиот син, Хилдерик, служел во служба на Соасон. Во меѓувреме, Франките постепено влегувале во кралството и добивале на сила. Тие се поместиле по текот на Рајна и создале кралство во областа на поранешната провинција Германија Супериор со главен град во Келн. Тие станале познати како Рипуарски Франки и соперници на Салиските Франки. Бидејќи не било вообичаено да се премести целото население, едноставно поранешното население станале Франки.
Настаните се одвивале брзо до крајот на 5 век. Кловис, син на Хилдерик, станал крал на Салиските Франки во 481, владеел од Турне. Во 486 го поразил Сијагриј, последниот гувернер на кралството Соасон и ја презел северна Франција. Го проширил неговото владеење до Камбре и Тонгерен во 490–491 и ги спречил Алеманите во 496. Исто така, во таа година преминал во христијанството.
По падот на Римското Царство во 476, Франките под власта на Хлодовик I стекнале контрола над западна Европа до 496 година. Хлодовик го припоил Кралството Келн во 508. Потоа, Мајнц со неговата стратешка положба, станал една од базите на кралството на Франките. Мајнц ја штител христијанската заедница долго пред преминувањето на Хлодовик. Неговиот наследник Дагоберт I ги изградил ѕидините на Мајнц и го направил еден од неговите седишта. Солидот на Теодеберт I (534–548) била кована во Мајнц.
Франките ги обединиле келтските и германските племиња во Европа. Најголемиот Франк на сите времиња бил Карло Велики (768–814), кој изградил нова империја во Европа, Светото Римско Царство. Мајнц со неговата средишна положба станал важен на империјата и христијанството. Постепено, јазичните промени се заканувале за поделба на Франките. Мајнц говорел на дијалект означен како рипуаријански. Со смртта на Карло Велики, разликите помеѓу Франција и Германија се покажале пресудни. Мајнц не бил повеќе во центарот, туку на граница, создавајќи прашања за неговата националност и кому припаѓа, кои траат сè до денес, како прашањето за Алзас-Лорена.
Христијански Мајнц
thumb|upright|Катедралата во Мајнц и нејзината западна главна купола thumb|upright|Црква Свети Стефан е позната по нејзините прозорци од Марк Шагал
Во почетокот на средновековието, Мајнц бил центар на христијанизацијата на Германите и Словените. Првиот архиепископ на Мајнц, Бонифациј, бил убиен во 754 додека се обидувал да ги доведе Фризите во христијанството и е погребан во Фулда. Други рани архиепископи на Мајнц биле Рабан Маур, учител и писател и Вилигис (975–1011), кој ја започнал изградбата на моменталната зграда на катедралата во мајнц и го основал манастирот Свети Стефан.
thumb|left|upright|Споменик на Свети Бонифациј пред Мајнцската катедрала left|thumb|Катедрала Свети Мартин во Мајнц од Венцел Холар во 1632
Од времето на Вилигис до крајот на Светото Римско Царство во 1806, архиепископите на Мајнц биле надректори на Империјата и најважен изборен кнез на германскиот цар. Покрај Рим, епископијата во Мајнц денес е единствената епископијата во светот каде епископското седиште е наречено Света столица (sancta sedes). Архиепископите на Мајнц традиционално биле primas germaniae, наследници на Папата северно од Алпите.
Во 1244, архиепископот Зигфрид III му доделил на Мајнц градски права, кои вклучувале права на граѓаните да основаат и изберат градски совет. Градот бил сведок на разидувањето на двајца архиепископи во 1461, Дитер фон Изенбург, кој бил избран архиепископ од катедралскиот каптол и поддржан од граѓаните и Адолф Втори фон Насау, кој бил именуван за архиепископ на Мајнц од папата. Во 1462, архиепископ Адолф Втори го нападнал градот Мајнц, убивајќи 400 негови жители. На суд, оние кои преживеале го загубиле целиот свој имот, кој потоа бил поделен помеѓу оние кои ветиле дека ќе го следат Адолф Втори. Оние кои тоа не го ветиле (меѓу нив и Јохан Гутенберг) биле однесени надвор од градот или фрлени во затвор. Новиот архиепископ ги отповикал градските права на Мајнц и го ставил градот под директно владеење. Иронично, по смртта на Адолф Втори како негов наследник повторно бил Дитер фон Изенбург, сега легално избран од соборот и именуван од папата.
Еврејска заедница
Еврејската заедница во Мајнц потекнува од 10 век од нашата ера. Била позната по нејзиното верско образование. Рабинот Герсхом бен Јуда (960–1040) предавал тука, меѓу другите. Тој се насочил на проучување на Талмудот, создавајќи германска еврејска традиција. Евреите од Мајнц, Шпајер и Вормс создале врховен совет со цел поставување стандарди за еврејското право и образование во 12 век.
Градот Мајнц одговорил на еврејското население на различни начини. Понекогаш тие биле слободни и заштитени; другпат пак биле протерувани. Евреите биле исфрлени во 1012, 1462 (откако биле повикани да се вратат) и во 1474. Евреите биле напаѓани од банди во 1283. За епидемиите на црна смрт обично биле обвинувани Евреите, кога тие биле масакрирани, како што било палењето на околу 6.000 живи Евреи во 1349. Оваа нестабилна состојба, која не била типична само за Мајнц, туку за цела Европа во тоа време, траела до Првата светска војна.