Меза () — департман во областа Лорена на североисточна Франција, денес во регионот Голем Исток, наречен по реката Меза.

Историја Меза е еден од изворните 83 департмани создадени со Француската револуција на 4 март 1790. Била составена од поранешните покраини Бароа (подрачјето на Бар ле Дик) и Три Епископии (подрачјето на Верден).

Департманот е историски забележителен како едно од главните војувалишта на Првата светска војна. Во 1916 тука се одиграла значајната Верденска битка.

Географија Меза му припаѓа на регионот Голем Исток и се граничи со департманите Ардени, Марна, Горна Марна, Вогези, Мерт и Мозел и Белгија на север. Делови од депармтнот влегуваат во состав на Регионалниот природен парк Лорена.

Поважни реки во департманот се:

Меза Ера Шјер Орнен Со Орж Оњон Вез

Демографија Населението на Меза забележило голем пад почнувајќи од XIX век поради големите преселби село-град.

Поврзано Општини во Меза Окрузи во Меза

Надворешни врски Портал на префектурата Портал на Општиот совет

Категорија:Департмани на Големиот Исток Категорија:Држави и територии настанати во 1790 година