мини|Изворот на Сома кај Фонсом. мини|Устието на Сома во Ламанш Сома (, ) — река во Пикардија, северна Франција.Името на реката доаѓа од келтски збор што значи „спокој“ По неа е именуван департманот Сома.

Реката е долга 245 км од изворот кај Фонсом близу Сен Кантен, сè до Сомскиот Залив и протокот Ламанш. Лежи во геолошка синклинала која воедно ја образува и реката Солент. Ваквиот терен му дава на течението прилично постојан и благ наклон.

Историски настани Реката е веројатно најпозната по Битката на Сома во Првата светска војна (јули-ноември 1916). Сомскиот Залив бил зборно место за флотата на Вилијам Освојувачот во инвазијата на Англија во 1066 г. Реката ја преминала војската на Едвард III во 1346 во походот што кулминирал со Битката кај Креси. Англиската војска морала да ја премине реката во походот што завршил со Битката кај Азенкур. Во долините на Сома се одиграле големите битки што конечно ставиле крај на напредувањето на германската војска во Пролетната офанзива (1918).

Департмани и градови по течението Ена: Сен Кантен Сома : Ам, Перон, Корби, Амјен, Абвил, Сен Валери на Сома, Ле Кротоа

Поважни притоки Десни Омињон Али Њевр Скардон Леви Авр Сел Сен Ландон Ерен Амбоаз Анкр

Наводи

Delattre, Ch., Mériaux, E. and Waterlot, M. Guides Géologiques Régionaux: Région du Nord, Flandre Artois Boulonnais Picardie (1973)

Надворешни врски

Слики од Сома

Категорија:Реки во Горна Франција Категорија:Ена Категорија:Сома