Голем Сиудад дел Есте, Гран Сиудад дел Есте или официјално Метрополитенска област Сиудад дел Есте (шпански: Área Metropolitana de Ciudad del Este, Gran Ciudad del Este) е метрополитенска област во Парагвај. Областа се наоѓа во Источен Парагвај и го зазема најголемиот дел на департманот Алто Парана. Метрополитенската област го опфаќа градот Сиудад дел Есте и околните 3 града. Ова е втора метрополитенска област во државата по Гран Асунсион. Областа има над 500.000 жители.
Сообраќај Во метрополитенската област се наоѓа Гаваранскиот меѓународен аеродром, преку кој областа е поврзана со остатокот од Парагвај и Јужна Америка по воздушен пат.
Наводи
Поврзано Парагвај Градови во Парагвај Сиудад дел Есте
Надворешни врски Пописен атлас на Парагвај: Алто Парана Генерална дирекција за статистика на Парагвај
*