За крушевското село Алданци, видете овде.
Алдинци — целосно раселено село во Општина Студеничани, сместено во областа Торбешија.
Географија и местоположба Алдинци се наоѓа во областа Торбешија. Селото се наоѓа на горното течение на Кадина Река, на планината Голешница. Оддалечено е 41 километар јужно од Скопје и 35 километри јужно од општинскиот центар Студеничани.
Историја Во век, селото е дел од нахијата Каршијак во Скопската Каза во Отоманското Царство.
Стопанство Како планинска населба има мошне голем атар, којшто зафаќа простор од 47 км2. Преовладуваат шумите на површина од 3.463,1 ха, потоа следат пасиштата на површина од 704,4 ха, а на обработливото земјиште отпаѓаат 203 ха. Според ваквата аграрна структура, Алдинци има мешовита земјоделска функција.
Население
Според опширните османлиски дефтери за населението на Скопската Каза од 1832/33 година, селото било муслиманско, со 3 муслимански домаќинства. На овој попис биле забележани 6 мажи муслимани, без новороденчиња. Се проценува дека селото во тој период имало 12 жители.
Стефан Верковиќ во 1857 година го забележува со 292 жители.
Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Алдинци живееле 110 жители, сите Албанци.Кънчов, В. Македония. Етнография и статистика, София, 1900, с.209
После Втората балканска војна, 1913 г. селото влегува во границите на Србија, како дел од општина Горно Количани и има 198 жители.
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија во 1931 година, селото имало 300 Албанци.
Алдинци, според намалувањето на бројот на населението, преминало од средно во мало село. Така, во 1961 година броело 373 жители, а во 1994 година 24 жители, сите Албанци.
Според пописот од 2002 година, селото имало население од само 3 жители, сите Албанци.
Според последниот попис од 2021 година, во селото немало жители.
Родови Алдинци е македонско село населено со Албанци.
Според истражувањата од 1951 година, родови во селото се:
Доселеници: Соф Караџа (14 к.) доселени се од местото Чаја во северна Албанија. Основачот на родот се викал Јусуф, кој се доселил во селото на почетокот од XIX век; Меролар или Мер-Караџа (27 к.) имаат исто потекло и време на доселување како и претходниот род. Го знаат следното родословие: Мерсељ (жив на 75 г. во 1951 година) Селман-Алил-Меро, кој се доселил во селото.
Културни и природни знаменитости Археолошки наоѓалишта
Поврзано Торбешија Општина Студеничани Студеничани
Наводи
Надворешни врски Сателитска снимка на Алдинци на Карти на Гугл