Калдирец — село во Општина Студеничани, Скопско. Денес нема жители.
Географија и местоположба Селото се наоѓа во областа Торбешија, на северните падини на Голешница. Лежи од левата страна на Кадина Река, на надморска височина од 740 м.
Историја Калдирец не е заведен како одделно село во разните пописи и прегледи во XIX и почетокот на XX век, што значи дека веројатно бил маало на неко е од околните села.
Население
На пописот од 1953 г. во селото се заведени 145 жители. Од нив 109 биле „Албанци“ и 36 „Турци“, но речиси сигурно е дека највеќето од нив биле Македонци муслимани (Торбеши). Ситуацијата се променила во 1961 г. кога населението опаднало на само 40 жители, од кои 35 „Албанци“ и 5 „Турци“. Во текот на 1960-тите селото сосема се испразнило. Според пописот од 2002 година, Калдирец немал ниеден жител. Истото било потврдено и на последниот попис од 2021 година.
Поврзано Торбешија
Наводи
Надворешни врски Сателитска снимка на Калдирец на Карти на Гугл