ISO 3166-2:IN е збир од кодови што се однесуваат на државата Индија во стандардот ISO 3166-2 (дел од ISO 3166) на Меѓународната организација за стандардизација (ISO). Стандардот ги утврдува кодовите на називите на главните административни единици (на пр. покраини, сојузни држави и сл.) на сите земји земји заведени со кодови во стандардот ISO 3166-1.

Во случајот на Индија, кодовите се однесуваат на 28 сојузни држави и 7 сојузни територии.

Секој код се состои од два дела, одвоен со цртичка. Првиот дел гласи „IN“, што е државен код на Индија. Вториот се состои од две букви и се води според регистарските таблички, со исклучок на Чатисгар и Утараканд чии автомобилски кодови се CG и UA/UK наместо CT и UT.

Кодови Називите на единиците се водат според официјалните имиња во ISO 3166-2.Служба за одржување на ISO 3166 (ISO 3166/MA).

Код Назив Категорија IN-AP Андра Прадеш сојузна држава IN-AR Аруначал Прадеш сојузна држава IN-AS Асам сојузна држава IN-BR Бихар сојузна држава IN-CT Чатисгар сојузна држава IN-GA Гоа сојузна држава IN-GJ Гуџарат сојузна држава IN-HR Харајана сојузна држава IN-HP Химачал Прадеш сојузна држава IN-JK Џаму и Кашмир сојузна држава IN-JH Џарканд сојузна држава IN-KA Карнатака сојузна држава IN-KL Керала сојузна држава IN-MP Мадја Прадеш сојузна држава IN-MH Махараштра сојузна држава IN-MN Манипур сојузна држава IN-ML Мегалаја сојузна држава IN-MZ Мизорам сојузна држава IN-NL Нагаланд сојузна држава IN-OR Ориса сојузна држава IN-PB Пенџаб сојузна држава IN-RJ Раџастан сојузна држава IN-SK Сиким сојузна држава IN-TN Тамил Наду сојузна држава IN-TR Трипура сојузна држава IN-UT Утараканд сојузна држава IN-UP сојузна држава IN-WB Западен Бенгал сојузна држава IN-AN Андамани и Никобари сојузна територија IN-CH Чандигар сојузна територија IN-DN Дадра и Нагар Хавели сојузна територија IN-DD Даман и Диу сојузна територија IN-DL Делхи сојузна територија IN-LD Лакадиви сојузна територија IN-PY Пондишери сојузна територија

Поврзано Административна поделба на Индија Сојузни држави и територии на Индија Список на градови во Индија

Наводи

Надворешни врски Сојузни држави на Индија - Statoids.com

2:IN *ISO 3166-2 Категорија:Списоци за Индија